• Latest

Спасеска Георгиевска: Македонското новинарство минува низ многу црн период!

February 28, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасеска Георгиевска: Македонското новинарство минува низ многу црн период!

February 28, 2017 17:04
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарката Билјана Спасеска Георгиевска, актуелен уредник на вестите во телевизија 21, во својата оценка за улогата на медиумите во текот на изборниот процес за предвремени парламентарни избори на 11-ти декември минатата година, на панел-дскусијата „Меѓу чеканот и наковалната: Медиумите и новинарството во изборниот процес“, што се одржа минатата недела во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, посочи на тешкотиите со кои се соочувал медиумот, при обидот да се презентираат објективни, балансирани информации и ставови на релеватните политички субјекти на македонската политичка сцена.

„Недобивањето соговорници од главната владејачка партија секогаш прави проблем. Прилогот да не биде целосен или да се покрива таа празнина со партиски соопштенија коишто во последно време се лиферуваат. И сé почесто во вестите и во телевизиите, наместо лик кој ќе ги брани ставовите, ние гледаме некои графики. Тоа е нешто ново во македонското новинарство! На тој начин, не може да се надомести страната која отсуствува и тоа е еден огромен притисок за медиумите, кои  не се сметаат за добредојдени кај одредени политички партии. Едноставно, постојат и имаат потреба да ја искажат приказната на сите чинители, на сите креатори на политиките и конечно должиме едно големо објаснување на граѓаните, од чии пари се финансираат и живеат сите“, рече Билјана Спасеска Георгиевска, уредник на вести во ТВ 21.

Таа истакна дека во текот на информирањето за изборната кампања, ТВ 21 ги следела мошне прецизно инструкциите на ад хок телото.

„Колку што видов, од 44 прекршочни пријави, само три се однесуваат на телевизијата во која што јас работам. И тоа не е за навивачки тонови во некои од извештаите, туку за минутажа во платената програма. Од тие 44 пријави, 33 се однесуваат на блокот провладини медиуми и практично, ад хок телото направи една рентгенска слика на она – што верувам ќе остане зацртано во историјата на македонското новинарство како еден многу лош, сив, темен период. И се надевам дека полека ќе почнеме да се извлекуваме од него“, смета Спасеска Георгиевска.

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Моника Талеска

Tags: Билјана Спасеска ГеоргиевскаМедиумиМеѓу чеканот и наковалнатановинарипанелТВ 21Цивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ