• Latest
Ерол Ризаов

За што е загрижен премиерот Мицкоски

February 11, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Израелската Влада ѝ нареди на војската да ги ограничи офанзивните операции во Појасот Газа

October 4, 2025

„Марш за ангелите“ денеска во Кочани во 16:05 часот

October 4, 2025

За 24 часа Русија изврши речиси 600 напади врз Запорижја

October 4, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Трамп му нареди на Израел „веднаш“ да престане со бомбардирањето на Газа, откако Хамас се согласи да ги ослободи заложниците

October 4, 2025

Шести ден изборна кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, Теарце Брвеница и Ѓорче Петров, СДСМ во Велес, Свети Николе и Чашка, „Независни заедно“ прес конференција во Скопје

October 4, 2025

Европа треба „сериозно да се справи“ со заканата што ја претставува Русија, порача украинскиот министер

October 4, 2025
Фото илустрација, генерирано со Ви

Аеродромот во Минхен е принуден да ги прекине летовите втор ден по ред поради забележани дронови

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

За што е загрижен премиерот Мицкоски

Секое зло за добро. Ова што сега ни се случува може да испадне и добра работа, конечно да се сфати трагиката на вмровското владеење со државата

February 11, 2025 11:49
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

ЕРОЛ РИЗАОВ

Во македонскиот јазик кога ќе кажете – гајле ми е, или – не ми гајле, тоа е едно те исто. Има подеднакво значење. Кога премиерот Христијан Мицкоски ќе каже јасно и гласно дека не е многу  загрижен што светски компании најавуваат дека ќе си заминат од Македонија, или ќе отпуштат 500,  или повеќе илјади работници, можете спокојно да си ја накривите капата и да си немате грижа. Штом премиерот вели да немате гајле, треба да му се верува, сѐ што кажа и вети се остварува.

Сакаат да си одат? Нека си одат! Ќе дојдат други компании, вели спокојно премиерот, станува збор за големи  инвеститори кои уште за време на неговото владеење ќе ја направат Македонија најбогата на Балканот. Добро де, има човекот мала загриженост како ќе најдеме толку многу работници за новите погони на светските гиганти кои само што не пристигнале. Значи ич гајле да си немаме, ќе увеземе работници. Нашите ќе одат на Запад, а „увозот“ на евтина работна сила ќе ни дојде од Исток. Баш убаво.

Нема место за загриженост и за тоа што Америка ќе воведе повисоки царини за увоз на челик и аламиниум. Тоа нема да се однесува на нашата индустрија, бидејќи претседателот Трамп ни е голем пријател, а е уште поголем пријател со нашиот најголем пријател, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Значи, пријателот на нашиот пријател е и наш пријател. Тоа што Трамп ќе става високи царини се однесува за други земји. А и да ги зголеми претседателот Трамп  царините за нашите челичани и алуминиумски производи за едно 15 до 20 отсто да си немате гајле, американските милијардери каде и да е наскоро ќе стасаат во Македонија.

Немојте да се чудите ако пристигнат лично Илон Маск, Цукерберг, Бил Гејтс… тие со своите бизниси се веќе тука, само што сѐ уште не им се поклопуваат добивките  колку што планираат да заработат. Голема надеж е што ќе им се приклучи и нашиот американски милијардер Крис Павловски, и тој нешто да заработи и со тоа да ни помогне да ја ослободиме киднапираната држава од левичарски невладини организации, како што ни откри драгиот и уважен Крис, новиот пријател на Мицкоски.

Солзи радосници за УСАИД

Укинувањето на УСАИД и донациите од стотици милиони долари, поточно 300 милиони долари за четири години, воопшто не е за загриженост, туку за солзи радосници кои веќе се леат од среќа што ќе секнат парите за домашните предавници и странски платеници залегнати во невладини организации кои пропагираат левичарски и либерални политики и ја дестабилизираат кутра Македонија.
Се разбира, дека е подобро да се добиваат пари од буџетот на државата преку владата за нејзина поддршка, отколку од Америка за критика на злоупотребите и блокадите на евриоинтеграциите и да се проповеда за некаква си демократија и опасност од повторно заробување на државата.

Тоа што ќе нема пари за стотици проекти за хуманитарни цели, за болници, земјоделие, за градинки, манастири, училишта, приватни компании, за заштита на човековата околина, за културни манифестации, за обнова и реконструкција на исторски зданија, тоа воопшто не е за загриженост.

Еве, и ние во „Независен“ сме пресреќни што немаме ниеден проект досега од Америка и што не сме регистрирани како невладина организација и немаме ниеден проект од никаде. Бадијала сме ја критикувале владата и премиерот Мицкоски за неговите оптимистички изјави.

Премиерот Мицкоски не е загрижен, ниту за продолжување на преговорите со ЕУ. Убаво им плесна во лице на бриселските бирократи и на нивните шефови, лицемерни политичари кои нѐ лажат со години и ни нанесуваат неправда поддржувајќи ги нашите проблематични комшии. Кога ќе бидете подготвени да ги прифатите нашите услови јавете се, им кажа и достоинствено им одбруси Мицкоски како да е шеф на држава атомска велесила. Со таа негова резолутност ни го наполни срцето со гордост и радост.

Тогаш, за што е загрижен нашиот премиер кој неуморно работи и секој ден ја ора вдолж и попреку Македонија и гради автопатишта по 20 километри месечно, 30 километри пруга за шест месеци, вијадукти, мостови, брзи пруги и коридори, дели пари „шаком и капом“ по општини и компании, тешко и макотрпно заработени стотици милиони евра поволни кредити за секакви намени од канализации до трговски центри, градинки, депонии…

Погодувате, премиерот Мицкоски е загрижен за локалните избори. Затоа цела година пред да се одржат се прават големи и сеопфатни  подготовки за конечна апсолутна победа. Значи, не е во прашање дали ќе победи, победата  е веќе гарантирана, туку да ја освои целата власт, со мали отстапки за коалиционите партнери од „Вреди“. Така ќе се комплетира целосно власта како што треба да биде и како што ѝ доликува на Македонија.

Владата, Собранието, општините сосе главниот град, претседателот на државата, правосудниот систем, медиумите, социјалните мрежи, комплетната администрација, сите институции на системот, образованието, МАНУ, здравството државните фондови и компании, ќе бидат под капата на Владата и ВМРО-ДПМНЕ. Сосема нормално, тука нема ништо чудно. Кој ќе победи, негов е пленот.  Веќе најголем дел од работите се завршени, останува да се среди уште правосудниот систем да стане ефикасен, како што приличи, со проверени партиски кадри.

И, конечно, во октомври 2025 година да се зададе смртниот удар на остатоците од опозицијата. А, и што ќе ни е опозиција. Е, тогаш ќе може да се донесат сите потребни одлуки без никакви пречки за државата да биде по мерка на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа може и сега да се прави без избори, ама друго е кога ќе посееш страв. Полесно оди работата. Тоа што не му успеа на Никола Груевски по 11 години владеење,  ќе му успее на Христијан Мицкоски уште во првата година од мандатот.

Ете за тоа е загрижен нашиот премиер, да ја оствари својата цел, за што му треба уште власт, му треба апсолутна власт.

Сакаат камшик што удира по туѓиот грб

Македонците во големо мнозинство сакаат цврста рака да управува со државата. Претпочитаат камшик, ама да не удира по нивниот грб. Има само еден мал проблем кој очигледно не го знае нашиот професор, па нешто погрешно пресметал, иако вели дека добро му оди математиката. Изгледа не пресметал добро, бидејќи таа наука не е само собирање и множење, туку содржи елементи на филозофија, социологија, логика и нешто што се вика народски кажано – домашниот есап не излегува во чаршија.

Секој ден на одложување на преговорите со ЕУ и на реформите кои гарантираат членство во европското семејство е изгубено скапоцено време кое работи против него и неговите политики. За жал, и против сите граѓани на Македонија. Освојувањето на апсолутна власт неминовно значи и апсолутна одговорност за вкупните состојби во земјата. Тоа на подолг рок секогаш завршува катастрофално. Тоа е докажана закономерност. Кога мислиш дека си на врвот, почнува и падот.

Што си повисоко, толку падот е потежок. Тоа го имаме видено повеќе пати и во ерата на независноста на Македонија и во периодот на претходниот општествено-политички систем. Запирањето на демократските процеси води кон страховлада и диктатура.

Замката која ни ја фрлија ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски  со лажниот патриотизам, со изгубениот идентитет, продаденото име на државата, јазикот, Албанците управуваат со државата, со потстанари во својата куќа, Бугари во Уставот, како мајките што ги плашеле децата во Рим со Ханибал анте портас, со изгубеното достоинство и гордост, со предавствата за да се фокусира јавноста на тоа наместо за развојот на Македонија во европска, демократска и успешна држава, е трагична политика чии последици ќе се почувствуваат многу побргу отколку што пресметале Мицкоски и неговиот партиски врв.

Секое зло за добро. Ова што сега ни се случува може да испадне и добра работа, конечно да се сфати трагиката на вмровското владеење со државата. Освен ако краткото памтење и примитивизмот остануваат како вечна наша посебност што ништо не може да ја промени. Тогаш ништо. Така и ни треба. Заслужено.


Текстот е личен став на Авторот, преземено од Независен. 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ