Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија
Вооружени сили на рф и нивните контролирани воени формации продолжуваат да извршуваат воени злосторства, злосторства против човештвото и злосторства на геноцид на територијата на Украина.
Злосторството на агресија на рф против Украина е злосторство на највисокото политичко и воено раководство на рф.
- Буча – живописен, тивок и мирен град, сместен на само 10 километри од енергичниот и прекрасен Кијив, кој всушност беше главната цел за окупација од страна на руските агресори. Во првите денови од воената инвазија руските окупатори му нанесоа нечовечко страдање на овој град.
За време на руската окупација на Буча – 38 долги и страшни денови – русите убија 637 цивили.
По окупацијата на градот, руските војници влегувале со претреси во домовите на локалното население, ги исфрлале од нивните домови, а оние што давале отпор или им изгледале „сомнителни“ на агресорите, биле егзекутирани, мачени или силувани.
85% од загинатите цивили имале прострелни рани, што укажува на намерни убиства извршени од русите.
Локалните жители сведочат дека русите убивале на садистички начин – убивале луѓе само затоа што излегле по вода, по леб или зборувале на украински јазик… На 5 март 2022 година, руски снајперист пукаше во сè што се движеше… улицата Јаблонска стана едно од најсмртоносните места во Буча.
Многу од мачените жители на Буча биле пронајдени со врзани раце.
Русите приведувале и егзекутирале цивили. Голем број луѓе починале поради недостаток од лекови и неможност да дојдат до храна.
На 8 април 2022 година, во Буча започна ексхумација на телата од масовната гробница кај Црквата на Светиот Апостол Андриј Првозваниот и Сите Светии, со цел да се идентификуваат жртвите и да се утврдат околностите на нивната смрт.
Буча – за жал, не е единственото место на руски терор.