Бунтовниците М23 поддржани од Руанда влегоа во Букаву, вториот по големина град во источната Демократска Република Конго, заземајќи ја канцеларијата на регионалниот гувернер, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
По улиците беа наредени луѓе за да ракоплескаат и да ги бодрат борците додека тие маршираа и се возеа во центарот на градот без отпор. Тоа е втор град по Гома што падна во рацете на бунтовниците во регионот богат со минерали во изминатите неколку недели.
Владата на Конго го призна нејзиниот пад и ги повика жителите да останат дома „за да избегнат да бидат цел на окупаторските сили“.
ОН и европските земји предупредија дека последната офанзива, во која стотици илјади луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, може да предизвика поширока регионална војна.
Подготви: Д. Мишев