• Latest

Дувњак: Професионалното новинарство е колатерална штета!

March 1, 2017

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дувњак: Професионалното новинарство е колатерална штета!

March 1, 2017 16:29
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во моментов, сите штрајкуваме, но не знаеме кому се обраќаме и никој не одговара на нашите барања и пораки. Имаме пратеници коишто два месеца се избрани и седат дома, немаме влада, имаме растрчани пратеници, така што целата ситуација е прилично апсурдна и бесмислена“, рече на на панел-дискусијата „Меѓу чеканот и наковалната: Медиумите и новинарството во изборниот процес“, што се одржа минатата недела во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, новинарката Гордана Дувњак, долгогодишен уредник во „Нова Македонија“ и во „Утрински весник“,  осврнувајќи се на актуелните состојби во медиумите на МПМ, кои од средината на овој месец се во штрајк.

Анализирајќи ја состојбата во македонските медиуми, Дувњак рече дека тие „не  можат да бидат поразлични од општиот контекст во државата… Она што ни се случува последните години, е дека луѓето не сакаат да гледаат телевизија и да читаат вести и тоа го сметаат како добар начин за лична деконтаминација“.

„И целата таа поделеност со години, се отсликува и во медиумите. И кога разговарате со некого, сфаќате дека професионалното новинарство е колатерална штета, а последните години е и многу непопуларно. Затоа што луѓето се навикнаа и тоа беше дел од една стратегија, да гледаат на медиумите како на два разделени фудбалски табора. Па, сега, едните навиваат за сините, другите за црвените момчиња. Секоја вистина се покрива со контравистина… И каде е тука вистинската информација? Луѓето ќе ви речат: ‘Лажат и едните, лажат и другите’. Не може обичниот граѓанин да утврди што е вистина, затоа што се пласираат две различни вистини“, оцени Дувњак.

Таа ги акцентираше тешкотиите во работата, при остварување на професионалните заложби да се обезбеди балансиран пристап во информирањето за време на изборите.

„Од партијата на власт ни беше кажано, дека не се заинтересирани за печатен медиум. Така што, ако нив ги нема во електронските медиуми, и се присутни само во некои пријателски медиуми, а останатите имаат проблем да ги обезбедат, во печатените медиуми е уште потешко. И она што можете да го добиете како повратна информација, е да имате среќа е да ви ‘најдат’ некој носител на листа, којшто ќе го имате за интервју“, забележа новинарката Дувњак.

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Моника Талеска

Tags: ДувњакМедиумиМеѓу чеканот и наковалнатаМПМНова МакедонијановинарствоУтрински весник
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ