• Latest

Стармер ќе му претстави на Трамп предлог план за распоредување 30. 000 европски војници во Украина

February 20, 2025
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026

Водата се прочистува, но довербата останува загадена: Гостивар по најголемата здравствена криза

August 14, 2026

Путин, криптото и следната будала

August 14, 2026

Мехмети: Охридскиот договор не е привилегија, туку основа за внатрешна стабилност

August 14, 2026
Водителки креирани со вештачка интелигенција - ТВ Хепи

Вештачка интелигенција прилагодена за ТВ „Хепи“ и „Информер“

August 14, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Бидете добар Самарјанин за нас: Во што се состои пораката на отец Бережној од Православната црква на Украина до Македонската православна црква

August 14, 2026

ПР-от не може вечно да ја прикрива реалноста

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Стармер ќе му претстави на Трамп предлог план за распоредување 30. 000 европски војници во Украина

February 20, 2025 09:55
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Британскиот премиер Кир Стармер следната недела во Вашингтон ќе му претстави на американскиот претседател Доналд Трамп предлог-план за распоредување на околу 30.000 европски војници во Украина за надгледување на евентуален договор за прекин на огнот, на кој Москва би можела да се согласи, објави британски „Телеграф“, пренесе МИА.

Според западни извори запознаени со иницијативата, Стармер ќе побара од Трамп американски борбени авиони и ракети да бидат во состојба на готовност во Источна Европа за да можат да реагираат во случај на руско нарушување на договорот.

Англо-француската стратегија за т.н. „сили за обезбедување“ била претставена на итниот состанок на водечките европски лидери во Париз оваа недела, како одговор на најавата на Трамп за отворање мировни преговори со Владимир Путин.

Планот е создаден поради стравувањата дека Трамп, веднаш по постигнување на договор, би можел целосно да се дистанцира од Украина. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека целата одговорност за мировната мисија во Украина ќе падне врз Европа и Канада.

План за европски мировни сили

Според предложениот план, околу 30.000 европски војници би биле распоредени во украинските градови, пристаништа и критична инфраструктура, вклучително и нуклеарни електрани, но далеку од актуелните фронтови. Наместо поголем копнен контингент, мисијата би се потпирала на „технички надзор“, вклучувајќи разузнавачки и извидувачки авиони, дронови и сателити за целосно следење на ситуацијата, изјави западен функционер.

Операцијата би била поддржана со доволно огнена моќ за „надгледување и неутрализирање на закани“, со цел повторно отворање на украинскиот воздушен простор за комерцијални летови. Поморски патролни бродови би биле испратени во Црното Море за надзор на можните руски закани кон трговските морски рути.

Планот е значително помал од барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој побара 200.000 војници како услов за потпишување мировен договор. Но, со оглед на противењето на Германија, Шпанија и Италија за испраќање копнени трупи, можностите на Европа за долгорочно обезбедување на Украина се ограничени.

Улогата на САД и реакциите на НАТО

По состанокот во Париз, Стармер изјави дека за ваква операција би бил потребен „американски заштитен механизам“ за да се одврати Русија од повторен напад.

Овој механизам би можел да вклучува американски борбени авиони распоредени во Романија и Полска, како и поголеми мултинационални копнени сили стационирани покрај источните граници на НАТО, подготвени да реагираат доколку е потребно.

Стратегијата е во согласност со долгогодишната политика на НАТО да не влегува во директен судир со руските сили во поддршката на Украина. Се очекува дека Трамп би можел да го прифати овој план, бидејќи не вклучува испраќање американски трупи во Украина по завршувањето на борбите.

Европски дипломат за „Телеграф“ изјавил дека НАТО ќе мора да размисли за својата обврска за колективна одбрана според Член 5, особено ако Русија реши да ги нападне европските војници стационирани во Украина.

Трамп и Зеленски во остар судир
Во меѓувреме, тензиите меѓу Трамп и Зеленски се продлабочуваат. Американскиот претседател неодамна ја обвини Украина дека е виновна за руската инвазија и изјави дека во земјата се неопходни нови избори бидејќи, според него, Зеленски е „длабоко непопуларен“.

„За жал, претседателот Трамп, со сета почит кон него како лидер на земја што ја цениме… живее во дезинформативен меур“, му одговори Зеленски.

Трамп потоа го нарече Зеленски „диктатор“ и му порача „да побрза, бидејќи може да остане без својата држава“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ