• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Уште една „статива“ на Николовски: Визер ја укинува авиолинијата Скопје – Будимпешта

February 20, 2025
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Уште една „статива“ на Николовски: Визер ја укинува авиолинијата Скопје – Будимпешта

Можеби во Будимпешта процениле дека со унгарскиот кредит, македонските граѓанки и граѓани веќе немаат потреба да летаат со нискобуџетни авиокомпании.

February 20, 2025 11:49
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

„Многу сум горд на оваа работа бидејќи направивме целосна промена на политиките на подршка на субвенционирање. Претходно за жал двата аеродроми тонеа неколку години, а пред тие години беа шампиони во регионот. Од ситуација на шампиони дојдовме до ситуација да тонат, но мислам дека се повторно ќе го вратат стариот сјај. Имаме 9 нови авиолинии за само пет месеци од кога ја почнавме оваа процедура, изјави кон крајот на Јануари 2025 година вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Тој додаде дека очекува оваа политика на финансиска подршка да го зголеми квалитетот и бројот на патници на домашните аеродроми.

Ууупс…

Утрово не само ниските минусни температури и замрзнатите цени го фрапираа вицепремиерот. Студениот сабајлечки туш дојде од неколку македонски медиуми кои на своите страници објавија дека унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ од 9 март ја укинува линијата Скопје–Будимпешта, без официјално објаснување дали ќе ја врати во октомври.

Од утрово, на страницата за резервации на авиокомпанијата, веќе не може да се купат карти за главниот град на Унгарија по 9 Март.

Инаку, ова е седма укината линија во последната година откако министерот за транспорт „ со гордост“ вети дека повторно ќе го вратии стариот сјај на двата македонски аеродроми. На 9 -те  нови авиолинии за само пет месеци со кои се пофали Николовски, има седум помалку, по Салцбург, Бремен, Келн, Копенхаген, Стокхолм-Скавста и Луксембург, еве сега од листата на тестинации ја снема и Будимпешта.

Вицепремиерот и министер за транспорт, никако да сфати дека прво треба да скокне, па да рече – ОП.

ЦИВИЛ Медиа веќе еднаш упати повик да му се помогне на министерот Николовски да изброи со колку линии на нискобуџетниот Визер го збогатил небото над Македонија, откако помпезно најави дека од аеродромите во Скопје и во Охрид, со нискобуџетната Визер ќе се лета до 4 (четири) нови дестинации: три од скопскиот аеродром, до Барселона, Лион и Штутгарт, а од охридскиот аеродром Николовски најави лет со Визер до Базел.

Министерот Николовски, само што најави три нови летови од скопскиот аеродром со компанијата Визер напролет, а унгарската нискобуџетна авио-компанија веќе со стапување на сила на зимскиот распоред укина три авиолинии од Скопскиот аеродром: за Келн, Копенхаген и Стокхолм. Или, математички прецизно, како што милуваше да мудрува премиерот и шеф на Николовски: 3 – 3 = 0 дополнителни авио линии на Визер од Скопје.

Несреќниот Николовски навистина нема среќа. Или можеби не е до среќата. Можеби во Будимпешта процениле дека со унгарскиот кредит, македонските граѓанки и граѓани веќе немаат потреба да летаат со нискобуџетни авиокомпании. Како и да се сврти, сите авиолинии (не)водат кон Будимпешта.


Текстот е личен став на авторот
Tags: Александар НиколовскиВизероткажани авиолинии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ