• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Помогнете му на Николовски да изброи со колку линии на нискобуџетниот Визер го збогатил скопскиот аеродром: 3 – 3 = 0

October 30, 2024

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Помогнете му на Николовски да изброи со колку линии на нискобуџетниот Визер го збогатил скопскиот аеродром: 3 – 3 = 0

October 30, 2024 09:20
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

По помпезните најави на министерот за транспорт, Александар Николоски дека со распишаниот повик ќе се зголеми понудата на скопската филијала на ТАВ аеродромите, што ќе резултира со сголемен број странски гости ви земјава, а со самото тоа ќе се зголеми и девизниотприлив, деновиве тој го обелодени грандиозното достигнување на новата влада, и тоа по првите 100 и кусур дена од доаѓањето на власт. Од идната година од аеродромите во Скопје и во Охрид ќе се лета до дури шест нови дестинации: четири од скопскиот аеродром, од кои 3 на нискобуџетната Визер (Барселона, Лион и Штутгарт), а четвртата е на „Флај Дубаи“ на релација Скопје-Дубаи-Скопје. Од охридскиот аеродром, Николовски ги најави линиите до Базел со Визер и до Истанбул на Туркиш ерлајнс.

Но, по само неколку дена од историскиот успех на министерот Николовски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, додека се прославуваше и коваа планови за уште поголем успех на вториот повик планиран за крајот на ноември , студен туш пред почетокот на зимскиот ред на летање.Унгарската нискобуџетна авио- компанијата Визер, објави дека укинува три авиолинии од Скопскиот аеродро: за Келн, Копенхаген и Стокхолм.

Каков дебакл. Николовски само што најави три нови летови од скопскиот аеродром со компанијата Визерод нареднава пролет, а унгарската нискобуџетна авио-компанија веќе со стапување на сила на зимскиот распоред укинува три авиолинии.

Или, математички прецизно, како што милуваше да мудрува премиерот и шеф на Николовски:

3 – 3 = 0 нови авио линии на Визер од Скопје.

Да не бидеме малициозни, но ако сакаме да бидеме уште по прецизни, од укинувањето на летовите на Визер во зимскиот период, до почеток на летовите на новите линии на истата авиокомпанија, таму некаде од крајот на јуни, во период од 8 месеци, достигнувањето на Николовски во збогатувањето на редот на летање на скопскиот аеродро, барем што се однесува на нискобуџетниот Визер, преоѓа во негатива, и изнесува -3 ( и со зборови: минус три).

И уште малку математика: Соодносот помеѓу авио линиите кои ги опслужува унгарската нискобуџетна авио компанија Визер од аеродромите во Тирана и Скопје е 58: 34. Дополнително, тиранскиот аеродром во редот на летање го има и нискобуџетниот Рајанер.

Како илустрација на новонастанатата состојба во македонскиот авио сообраќај ќе парафразирам еден поранешен екскомунициран сопартиец на Николовски: Каменот од Будимпешта доаѓа.


Текстот е личен став на авторот
Tags: Александар НиколовскиВизернови авио линииукинати авио линии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ