• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ќорсокакот предизвикан од мерките на ЕУ кон Косово; Освен двајцата уапсени, нема други информации за нападот на „Ибар -Лепенец“; Албанија ја губи предноста на младото население

February 24, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина ја зграпчува руската нафта откако побарувачката од Индија се намалува по царините на Трамп

August 20, 2025

Во јуни исплатени 830.336.364 денари за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

August 20, 2025

МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

August 20, 2025

Препукување на релација ДУИ – ВЛЕН кој е поголем Србин

August 20, 2025
Трамп и Путин во Алјаска. Фото: Скриншот

Кремљ ги омаловажува разговорите со Зеленски, Трамп предупредува дека Путин можеби нема да сака да склучи договор

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ќорсокакот предизвикан од мерките на ЕУ кон Косово; Освен двајцата уапсени, нема други информации за нападот на „Ибар -Лепенец“; Албанија ја губи предноста на младото население

February 24, 2025 12:02
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Дваесет месеци по замрзнувањето на средствата за Косово и прекинувањето на посетите на високо ниво, Европската унија продолжува да одбива да ги укине овие мерки и покрај континуираните барања на Приштина, но и на Европскиот парламент, е една од главните теми во косовските медиуми.

Во Албанија, според податоците од ЕУРОСТАТ, Последните податоци на Еуростат упатуваат на тоа дека коефициентот на зависност на постарите лица (население на возраст над 65 години) изнесува 33,9% од работната сила.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

РСЕ: Косово и мерките на ЕУ-  ќорсокак со долготрајни последици

„Казнените мерки на Европската унија не ја принудија Владата на Косово да го промени својот курс, но имаа влијание врз благосостојбата на граѓаните. Без јасен консензус во ЕУ за тоа кога тие би можеле да бидат укинати, неизвесноста продолжува да ја обликува ситуацијата.

Дваесет месеци по замрзнувањето на средствата за Косово и прекинувањето на посетите на високо ниво, Европската унија продолжува да одбива да ги укине овие мерки и покрај континуираните барања на Приштина, но и на Европскиот парламент.

Во одговорот даден за Радио Слободна Европа, портпаролот на блокот рече дека „привремените мерки на ЕУ се реверзибилни и Советот веќе постави услови за нивно постепено отстранување, кои се поврзани со преземање чекори од Косово за намалување на тензиите на северот“, се наведува меѓу другото во анализата на РСЕ.

Газета експрес: Шефот на Зубин Поток: Освен двајцата уапсени, немаме други информации за „Ибар -Лепенец“

Градоначалникот на општина Зубин Поток, Измир Зеќири посочи дека освен двајцата уапсени за нападот во „Ибар – Лепенц“ нема други информации за истрагите за овој случај.

Зеќири вели дека точните проверки за расветлување на случајот ги одложуваат деталите од истрагите.

„Истрагата и безбедносниот механизам ги извршуваат своите обврски во оваа насока. Точните проверки за да се дознаат сите детали доведуваат до доцнење и свесни сме дека две лица од 10 кои беа уапсени се во притвор и се работи на расветлување на овој случај. Немаме други информации“, рече Зеќири, пренесе Газета експрес.

ТВ 21: Продолжува судењето во Хаг на поранешните лидери на ОВК

Денеска во Хаг од 9:00 часот продолжува судскиот процес против поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово.

Инаку, пред неколку дена во Специјализираните совети на Косово (DhSK) беше донесена одлука да се прифатат како материјални докази исказите на девет писмени сведоци според правилото 153.

Ова го соопшти портпаролот на ДСК, Мајкл Дојл, кој посочи дека одлуката е донесена на 14 февруари, пренесе ТВ 21.

АЛБАНИЈА

Репортери: ЕУРОСТАТ – Албанија ја губи предноста на младото население

Во 2002 година, Албанија и Турција ја водеа Европа за младото население, но сега, по две децении, демографскиот профил на земјата е радикално променет.

Во Албанија, според податоците на ИНСТАТ од Пописот од 2023 година, соодносот на стари лица зависни од работната сила бил 30,4%, многу повисок отколку во 2011 година, кога индикаторот бил 16,4%, а во 2002 година само 12,3%. Тоа значи дека сега има околу 3,2 Албанци на работоспособна возраст на секој постар човек над 65 години, од 8,1 во 2002 година, пренесе Репортери.

ТВ њуз: Потпишани се два договори меѓу Албанија и Обединетите Емирати

Албанија и Обединетите Арапски Емирати потпишаа договор за областа на енергетиката и проектот „Паметен град“ во Албанија.

Потпишувањето на договорите се случи денеска за време на посетата на шеикот Мохамед бин Зајед на Тирана, прва во својство на претседател на Обединетите Арапски Емирати, на чело на делегација на високо ниво, пренесе  ТВњуз.

КОЛУМНА

Коха: „Може ли Европа да ја замени Америка како бранител на слободата и демократијата во светот?“

„Но, Трамп ги критикува Европејците на брутален начин. И често користејќи неточни термини. Тој, на пример, го користи терминот „мора да платат за НАТО“. Но, зборуваме за инвестициите на секоја земја во одбранбените капацитети и потоа тие обединети капацитети на сите 32 земји ја сочинуваат колективната воена моќ на НАТО. Значи, САД навистина најмногу гарантираат за безбедноста на другите преку НАТО, бидејќи го имаат и најголемиот арсенал на оружје. Но, дури и да не беше така, САД ќе имаа силна војска, со или без НАТО.

Разликата меѓу Трамп и сите претходни американски претседатели е во тоа што тој исто така ја доведува во прашање подготвеноста на Америка да ги заштити сојузниците. Довербата кон некои, како Канада и Данска, покажува и територијални претензии и им се заканува. Ова е нешто ново за Европа, навикната секогаш, во добро или во лошо, да ја има Америка за свој ангел чувар.“, пишува авторот Аугустин Палокај во колумната „Може ли Европа да ја замени Америка како бранител на слободата и демократијата во светот?“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ