Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен предложи нов заеднички инструмент за зголемување на воените трошоци низ Европската унија.
Таа предложи да им се дозволи на земјите од ЕУ да земат заеми до 150 милијарди евра, како дел од планот од пет дела за зголемување на трошоците за одбрана.
Говорејќи пред новинарите, таа го претстави планот „Вооружајте ја Европа“ за отклучување до 800 милијарди евра дополнителни трошоци за одбрана во наредните години. Таа ги истакна овие идеи во писмо до националните влади.
Изјавата на Фон дер Лејен дојде неколку часа откако Трамп одлучи да ја прекине сета воена помош за Украина по неговиот катастрофален состанок во Овалната соба во петокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Европа е подготвена масовно да ги зголеми трошоците за одбраната, и за да одговори на краткорочната итност да дејствува и да ја поддржи Украина, но и да одговори на долгорочната потреба да преземеме поголема одговорност за нашата сопствена европска безбедност“, рече денеска Фон дер Лајен.
Владите на ЕУ бараат начини значително да ги зголемат трошоците за одбраната додека американскиот претседател Доналд Трамп се откачи од Украина и Европа.
Комисијата сака да им олесни на земјите да ги зголемат трошоците за одбрана без да се нарушат правилата на ЕУ кои го ограничуваат националниот долг и дефицитот.
За да создаде повеќе фискален простор, фон дер Лајен рече дека ќе ја активира националната клаузула за бегство на ЕУ, според која воените трошоци нема да се вбројуваат во механизмот за казнување на блокот за земјите што ги прекршуваат границите за трошење на ЕУ.
Оваа клаузула може да се активира кога „исклучителни околности надвор од контрола на земјата-членка доведат до големо влијание врз јавните финансии“ на една земја, според правилата за трошење на ЕУ кои беа обновени минатата година.
Фон дер Лајен, сепак, не ги изложи специфичните услови што ќе ги приложи за да спречи неконтролирано трошење од високо задолжените земји.
Како дел од планот, таа понуди и евтини заеми за одбрана на земјите од ЕУ во натамошен обид за мобилизирање средства.
Новиот инструмент ќе вреди 150 милијарди евра и ќе ги финансира одбранбените капацитети ширум ЕУ, вклучувајќи артилерија, проектили, муниција, беспилотни летала и системи против беспилотни летала. Со овие пари ќе се ослободи и простор за земјите од ЕУ да испратат оружје за Украина.
„Со оваа опрема, земјите-членки можат масовно да ја засилат својата поддршка за Украина“, додаде фон дер Лајен.
извор: Политико