• Latest

Дерала во „24 анализа“: Досегашните чекори на Владата не даваат сигнал дека земјата вистински се движи кон членство во Европската унија

March 6, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Дерала во „24 анализа“: Досегашните чекори на Владата не даваат сигнал дека земјата вистински се движи кон членство во Европската унија

March 6, 2025 10:28
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

– Во „новото нормално“, Македонија се придвижува уште подлабоко до режими кои се оценети како авторитарни. Сакаме да припаѓаме на семејство на држави во кои нема демократија, или демократијата е под закана, во кои владее една „цврста рака“ на мал круг на луѓе, многу ниска политичка култура и изборни манипулации колку што сакате, посочи Џабир Дерала од ЦИВИЛ, во гостувањето на „24 анализа“ на Телевизија 24.

Тој изјави дека новата македонска власт не е во состојба да ги исполни предизборните ветувања. Според Дерала, досегашните чекори на Владата не даваат сигнал дека земјата вистински се движи кон членство во Европската унија.

„Јасно е дека оваа власт знае дека не може да го исполни тоа што го вети. Ако внимателно се анализираа предизборните наративи, ќе беше очигледно дека нема да има напредок во евроинтеграциите – и токму тоа се случува. Настаните во ОН покажуваат дека кога е клучно, Владата се води од туѓи интереси, а не од сопствените изјави.

Декларираната посветеност на европскиот пат се урива со ставот дека Македонија сака во ЕУ, но не под диктат на Бугарија. Тоа сугерира дека предизборните пораки и вистинските постапки не се усогласени, што значи дека нема реално приближување кон Унијата. Европа ни доделува грантови – средства што не мора да се враќаат, додека финансиските договори со Кина најчесто се кредити кои носат обврски“, посочи Дерала.

Тој исто така нагласи дека „продлабочената“ соработката со Унгарија, Србија и Турција нема значително да ја подобри економската состојба во земјата.

„Тоа што ние зборуваме за тоа дека ќе имаме Српско-унгарско-руска индустриска зона не значи буквално ништо во економска смисла. Ние не можеме да очекуваме вистински економски напредок врз основа на два меморандуми кои се слкучени. Нема да има ниту многу поголема економска соработка од онаа што веќе ја имаме. таа може само да се намалува во однос на глобалните случувајна што ги имаме и во Европа и во светот.
Оваа нова реалност ќе функционира како добра ПР-кампања уште неколку недели, но брзо ќе се распрсне како сапуница. Ќе гледаме свечени церемонии и сечење на црвени ленти, но без суштински промени. Унгарија се соочува со притисок од Брисел поради непочитување на европските стандарди, а Турција има свои економски и политички предизвици“, истакна понатаму Дерала.

Ј. Ѓ. / Фронтлајн 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ