• Latest

Незапирливиот марш за напредок: повик за акција на Меѓународниот ден на жената

March 8, 2025

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Незапирливиот марш за напредок: повик за акција на Меѓународниот ден на жената

March 8, 2025 15:15
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Белен Санз Луке (UN Women) и Флоренс Бауер (UNFPA)

Замислете свет каде што жените немаат основни права на образование, глас, сопственост и автономија. Свет каде што безбедноста, достоинството и независноста не ви се гарантирани, туку треба секојдневно да се борите за нив. Овој свет, иако навидум се чини архаичен, сè уште е реалност за многу жени и девојчиња.

Постигнатиот напредок им го должиме на многуте жени што неуморно се бореле за правда и еднаквост барајќи ја „сопствената соба“. Нивната борба кулминира на историската Пекиншка конференција во 1995 година, каде глобалните лидери ветија дека ќе се залагаат за иднина во која еманципацијата и правата на жените ќе бидат универзални. Сепак, по триесет години, предизвиците сè уште ни стојат на патот.

Парадоксот на нашата ера е очигледен: иако славиме напредок од невидени размери, постои уште поголема потреба да се бориме за правата на жените. Жените успешно ги рушат бариерите, девојчињата се пообразовани, а правната заштита е зајакната.

Меѓутоа, овие постигнувања се доведуваат во прашање. Острите реакции против правата на жените во глобални рамки ја продлабочуваат дискриминацијата, ја ослабуваат правната заштита, ги ограничуваат репродуктивните права и го намалуваат финансирањето за родовата еднаквост. Загриженоста за демографските промени, а особено нискиот наталитет и падот на населението, се
злоупотребуваат со цел да се ограничат репродуктивните права и да се уназади макотрпно постигнатиот напредок на тема родова еднаквост.

Во 2024 година, речиси една четвртина од владите во светот велат дека се јавиле остри реакции против правата на жените. Насилството врз жените е на алармантно високо ниво, при што 24 милиони жени во Европа и Централна Азија се соочиле со физичко или сексуално насилство само во изминатата година. Насилството извршено со (зло)употреба на технологијата станува сè посериозна закана која несразмерно влијае врз младите жени. Како последица на војната во Украина, на околу 2,4 милиони лица – главно жени и девојчиња – итно им се потребни служби за спречување и одговор на родово-базираното насилство.

Политичката застапеност на жените е подобра. Жените сега во просек се на 32 отсто од парламентарните места во Европа и Централна Азија (во споредба со 11 отсто во 1995 година). Меѓутоа, напредокот се одвива бавно, а во некои земји дури и се уназадува. Родово-базираното насилство, штетните норми во општеството и нееднаквиот товар од неплатената работа за грижа ги спречуваат жените целосно да се вклучат и претставуваат плодна почва за опстојување на сиромаштијата. Тоа особено го чувствуваат најмаргинализираните жени, вклучувајќи ги жените што живеат во руралните средини, жените со попреченост, жените што се дел од малцинствата и повозрасните жени.

Во Украина, војната ги влоши некои од постојните родови нееднаквости, поради што жените се соочуваат со зголемени ризици од насилство и имаат поголеми обврски во домаќинството, иако токму жените се тие што даваат хуманитарна помош, водат граѓански организации, ги мобилизираат заедниците и се претприемнички – денес, секој втор бизнис во Украина е основан од страна на жена.

Во моментов, родовата еднаквост е само пуст сон. Едно девојче што се родило денес ќе наполни 40 години кога жените ќе постигнат парламентарен паритет, 68 години кога ќе се искорени детскиот брак, а можеби и нема да доживее да го види крајот на екстремната сиромаштија.  Ваква иднина, не смееме да прифатиме.

Ние, како претставнички на UN Women и UNFPA, две водечки агенции на ОН, имаме задача да промовираме родова еднаквост, да поттикнеме акција наместо апатија, отпор наместо предавање и надеж наместо очај. Ние сме тие што ја наследиле оваа борба, но, ние сме и таа генерација што може да ја претвори родовата еднаквост во реалност. Родовата еднаквост не важи само за жените и девојчињата; таа е патот кон напредокот за целото човештво.

На овој Меѓународен ден на жената, ги повикуваме сите да се изборат за правата, еманципацијата и еднаквоста на сите жени и девојчиња. 2025-та да влезе во историјата како годината кога сме застанале цврсто, не сме дозволиле напредокот да ни се излизга низ прсти, а родовата еднаквост да стане незапирлива.  Ајде заедно да маршираме за напредок како поединци, претставници на владата, граѓанското општество и приватниот сектор, со цел ветувањата од Пекинг да станат реалност за СИТЕ жени и девојчиња.



Белен Санз Луке е регионалната директорка на UN Women за Европа и Централна Азија.
Флоренс Бауер е регионалната директорка на UNFPA за Источна Европа и Централна Азија.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ