• Latest

Сиљановска Давкова – Алијев: Иницијатива за декларација за стратешко партнерство со Азербејџан за соработка во енергетиката и економијата

March 11, 2025
Фото: Скриншот

Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

May 9, 2025
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицковски и неговите говори: Просто да ти е милина што сме „скандинавска земја“

May 9, 2025

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сиљановска Давкова – Алијев: Иницијатива за декларација за стратешко партнерство со Азербејџан за соработка во енергетиката и економијата

March 11, 2025 10:40
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката преку декларација за стратешко партнерстство и пријателство првенствено со фокус на енергетиката и економијата, а се иницира и укинување на визи за дипломатски и службени пасоши. Азербејџан е подготвен да го зголеми новото на дистрибуција на македонскиот пазар, беше истакано по денешната средба во Баку на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и нејзиниот домаќин Илхан Алијев.

– Претседателот веќе ја кажа заинтересираноста на ЕУ за стратешко партнерство. Да, Азербејџан не само што има интересна локација денеска на меѓународната геополитичка сцена туку станува и актуелен заради богатството со гас а сите ние во транзиицијата кон обновливите извори се разбира дека имаме потреба од помош.  Ќе го повторам она што му го кажав на претседателот, дека очекувам да направиме чекор да потпишеме декларација што ќе води кон воспоставување или потпишување договор за соработка. Тоа не значи само азербејџанска помош во поглед на гасот, туку ќе отвори простор и за економска соработка, рече Сиљановска Давкова,  која е во официјална посета на Азербејџан.

Таа укажа дека укинувањето на визите, ќе придонесе за зближување на народите од двете држави.

– Уште веднаш ќе ставиме крај на онаа чудна состојба да постојат визи за дипломатски и службени пасоши. Мислам дека ниту на македонската држава, ниту на Азербејџан тоа не им одговара, посочи претседателката, набројувајќи ги и можностите за воспоставување соработка меѓу универзитетите, во науката, туризмот.

За економијата, наведе дека засега немаме големи чекори, но рече дека  она што нас не прави атрактивни на Балканот е што сме во срцето на Европа но исто така на место каде се вкрстуваат патиштата.

– Мислам дека тоа за секоја земја која се отвора и  кон Европа и кон светот  исто така е важно.  Имаме многу што да размениме и ова е почеток на едно  длабоко пријателство. Не само договорот  со СОКАР, туку и следни договори ќе овозможат подобро запознавање, потенцира претседателката.

Посочи дека денеска, во 21 век,  повторно се зборува, како што рече, за теории на срцето на светот,  за теории во кои токму овој регион заедно со Украина ќе  биде  во центарот на светските настани, и оцени дека сите сакаат да  имаат влијание во овој регион.

– Европа повторно се отвора, вашите успеси во секој поглед се гаранција дека ќе може да дојде до натамошна соработка,. Очекувам во следните чекори да се воспостави  многу поцврста соработка, мислам за договорот за стратешка соработка, таков веќе има во регионот и нема ниту една причина ние да не се приклучиме, наведе претседателката, која со Алијев имаше средба и во ноември лани при учеството на Самитот на КОП.

И Алијев истакна дека треба да се истражат можностите за економска и трговска соработка каде рече дека нема постигнувања.

– Правиме се што можеме за да ги подобриме нашите билатерални односи, задоволен сум што политичкиот дел меѓу нашите две земји е динамичен, нашиот прв состанок со  претседателката сведочи за ова што го зборувам. За политичките односи се  потребни дополнителни мерки  што треба да бидат развиени од страна на релевантните служби, а во меѓувреме во делот на економијата треба да бидат  истражени инвестиците и за жал досега економската соработка и трговијата не се доволно  развиени и немаме постигнувања. Но, се надевам дека по оваа посета и средбата помеѓу делегациите ќе го надоместиме тоа, рече Алијев.

Позитивен знак во последните месеци, оцени,  е тоа што двете земји почнаа соработка во делот на енергијата. Природниот гас на Азербејџан се испорачува на Северна Македонија. Тоа се случи кон крајот на минатата година. Годинава Азербејџан ќе обезбедува природен гас и подготвени сме да го зајакнеме нивото на дистрибуција на вашиот пазар, бидејќи како што се појавуават нови полиња за дистрибуција на гас во Азербејџан ние работиме активно на тоа прашање, најави претседателот Алијев.

Азербејџан испорачува гас до 12 држави, а помеѓу клиентите го покрива делот на  евроазија 10 од 12 држави се европски. Планираме, посочи, се поголема испорака и проширување на  пазарите, Европа има потреба од нашиот природен гас. Пред три години беше потпишан меморандум за разбирање помеѓу ЕУ и Азербејџан, стратешка декларација и тоа беше сведоштво за тоа  што денеска гасот од Азербејџан придонесува за  енергетската стабилност на европските држави,  Посветуваме големо внимание на соработката со нашите европски партнери. Во делот на енергетиката билатералната соработка е многу важна за нас и се надевам дека овие практични мерки исто така ќе покријат и други области, наведе Алијев.

Претседателката Сиљановска-Давкова во претседателската резиденција „Зугулба“ претходно беше пречекана со највисоки државни и воени почести. По тет-а-тет средбата на двајцата претседатели,  се одржува  пленарен состанок на двете делегации. Во состав на македонската делегација е и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Според агендата, Сиљановската Давкова ќе одржи предавање пред академската заедница и студентите на Универзитетот АДА во Баку, а ќе оствари средби и со претседателката на Националното собрание, Сахиба Гафарова и со премиерот Али Асадов. Задутре ќе учествува на 12. Глобален форум во Баку, насловен „Преиспитување на светскиот поредок: Претворање на предизвиците во можности“, што се одржува во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“. Ќе обрати на свеченото отворање на форумот, а ќе има и обраќање на тема „Пактот за иднината на Обединетите нации: градење на нов глобален консензус“.

На форумот е предвидено присуство на околу 400 учесници – актуелни и поранешни шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации и на граѓанското општество.

фото: Кабинет на Претседател 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ