Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, со објава на Х на 1112 ден од руската војна во Украина посочи на украинските војници кои продолжуваат да ја запираат руската инвазија и на кои им е потребна максимална поддршка.
Ден 1112. Во текот на изминатото деноноќие – 140 борбени судири! Најжестоките битки се водат на Лиманскиот правец. Украинските војници продолжуваат да ја запираат руската инвазија. На украинските бранители им е потребна максимална поддршка! Украина се бори! #StandWithUkraine, напиша амбасадорката Дир на Х.
Д. Мишев