• Latest

Поставен камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“

March 12, 2025

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Поставен камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“

March 12, 2025 14:34
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По завршувањето на изградбата на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“, за што денеска беше поставен камен-темелник, граѓаните од двете страни на границата ќе ја интезивираат културната размена, економската и туристичката соработка, истакнаа учесниците на денешната свеченост што се одржа на брегот на Преспанско Езеро, во непосредна близина на селото Долно Дупени.

Според градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, проектот финансиран од ЕУ и имплементиран од УНДП, е значаен затоа што ќе ја заживее Преспа.

-Се надевам на многу позитивни приказни во иднина, развој на туризмот, поголем проток на луѓе, се разбира и локалното население да го види својот бенефит од овој проект. Покрај овој проект ние заедно со ЕУ работиме и на еден исто така голем проект кој се вика ЕУ за Преспа, којшто е во финална фаза, во вредност од околу 20 милиони евра и тој содржи изградба на канализациони системи со прочистителни станции во седум села, крајбрежјето на Преспанско езеро, повик за култура, повик за туризам, повик за земјоделие, повик за заштита на животната средина и други.

Најголемиот дел од овие веќе се започнати, посочи Тозиевски, домаќин на денешната свеченост во Преспа.

Денеска е посебен ден за Преспа, нагласи и премиерот Христијан Мискоски затоа што, како што рече, овој граничен премин е само уште еден чекор кон поврзување на двете преспи од едната и другата страна на границата.

-Ваквите примери се позитивни и за двете држави. Во таа насока треба и понатаму да се градат односите, да се поврзуваме затоа што само на тој начин можеме да бидеме во оптиката на поголемите држави, нагласи Мицскоски, а запрашан дали го променил мислењето за Преспанскиот договор, премиерот посочи дека никогаш не го променил неговото мислење, и додаде, до ден денес го имам истиот став, Но исто така уште пред 6 години сум кажал дека тоа е реалност. И ако сакакме да бидеме реал политичари, тогаш мора реалноста да погледаме во очи. Јас не сум човек којшто политиката ја гледа како замислена работа, туку политиката е практично уметност на можното, изјави премиерот Мицкоски.

Ставањето на камен-темелник на граничниот премин „Маркова нога“ како изклучителен настан и нова ера го посочи и амбасадорот на ЕУ во земјава Михалис Рокас.

-Денеска е историски ден во вашата земја. Визијата на ЕУ за преспанскиот регион е визијата на граѓаните од трите страни на Преспа. Најважно е да се има визија која што ќе биде фокусирана од луѓето за луѓето, и исто така визија која што ќе биде фокусирана на размената на искуствата од трите страни на границата, ќе има економски развој, економската одржливост како и зачувување на Преспанското езеро, која што не е само природно наследство на преспанскиот регион, туку исто така се смета и како европско наследство, истакна амбасадорот на ЕУ во земјава, Рокас.

Граничниот премин се очекува да биде отворен во 2028 година.

Фото и видео: Влада на РСМ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ