Студентски Отпор изразувјќи најдлабоко сочуство до семејствата на починатите упати повик за заедничко оддавање на почит за жртвите на трагичниот настан во дискотеката “Пулс” во Кочани, утре од 12:00ч на платото на УКИМ
Драги колеги, колешки и почитувана јавностСо неизмерна тага ве повикуваме утре од 12:00ч на платото на УКИМ на заедничко оддавање на почит за жртвите на трагичниот настан во дискотеката “Пулс” во Кочани.
Студентски Отпор изразува најдлабоко сочуство до семејствата на починатите и им посакуваме побрзо опоравување и закрепнување на останатите повредени. Ова е огромна загуба и трагедија која и се случи на Македонија. Со почит, Студентски Отпор, стои во објавата на Фејсбук.
М. Д.