• Latest

Бектеши повикан на распит, Адеми обвинува дека власта се обидува од себе да ја префрли вината на ДУИ за трагедијата во Кочани

March 17, 2025

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бектеши повикан на распит, Адеми обвинува дека власта се обидува од себе да ја префрли вината на ДУИ за трагедијата во Кочани

March 17, 2025 11:26
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Целосната морална материјална и кривична одговорност за оваа трагедија не може да се бара на ниедно друго место освен во самата Влада, Министерството за внатрешни работи и Општина Кочани, изјави ноќеска потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми.

ДУИ, посочи Адеми, бара целосна транспарентност и одговорност за вистината да излезе на виделина. Апелира од институциите и партиите, како што рече, да се откажат од обидите да ја прикажат ДУИ како виновна за сè што се случило, што се случува или ќе се случи во иднина.

Според Адеми, наместо сплотеност имало политички интриги на ден кога тоа не смееше да се случи.

– Уште од утринските часови кога пристигнуваа првите информации од Кочани медиумските јастреби на владејачките партии почнаа да ги ставаат темелите на големиот спин којшто во текот на денот се разви во официјален наратив на Владата, рече Адеми во изјава пред полициската станица „Карпош“, што ја пренесоа дел од медиумите, додека траеше распитот на поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, во врска со трагедијата во Кочани.

Адеми рече дека „преку портал уште во 9 часот почнала да се развива теорија дека зад настанот во Кочани стои некој Албанец, за да потоа, како што рече, откако „други провладини портали ја објавуваат истечената лиценца од 2023 година, ја бришат веста за да после неколку часа ја објавуваат веста за некоја фалсификувана лиценца како главен столб на владиниот спин наратив“.

– Наместо министерот за внатрешни работи, кој што е министер во последните 14 месеци, да ја преземе одговорноста што дозволил 12 месеци да работи кабарето без лиценца, секојдневно да се организираат собири спротивно на сите законски прописи и стандарди тој се обидува на бесрамен начин да ја префрли дебата на етничка и партиска димензија, изјави Адеми.

Според Адеми, Бектеши доброволно се пријавил во полиција и како што рече, го викнале и во ПС Кичево, но во разговор со полицијата, како што рече, сам инсистирал да отиде таму каде што може побрзо да даде информации. Дојде во Скопје поради ажурност од негова страна да одговори за секој повик поврзан со овој случај, рече Адеми.

– Ова не им служи на меѓуетничките односи, оцени Адеми, кој изрази сочувство за починатите во трагдијата.

Oд ВМРО-ДПМНЕ реагираат на ставовите на Адеми од ДУИ и велта дека борбата против криминалот нема боја, раса и припадност. Иако за жал за СДС и ДУИ има.

„Тие и од оваа тема делат на наши и ваши, на Македонци и Албанци. За разлика од нив, ова за нас, но и за сите граѓани е борба на народот против корумпираните кои создадоа чудовиште од системот кој убива поради корупција. Од партијата која стана колевка на криминалот нема осуда, и нема оградување. Но, тоа нема да ги спаси од одговорност“, велат од владејачката партија.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ