• Latest
Градоначалник на Општина Кочани, Љупчо Папазов / фото: Фејсбук

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, поднесе оставка

March 17, 2025

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, поднесе оставка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека со Папазов вчера беше извршен службен разговор, и доколку се утврди било каква одговорност тој ќе биде санкциониран.

March 17, 2025 11:48
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Градоначалник на Општина Кочани, Љупчо Папазов / фото: Фејсбук

Градоначалник на Општина Кочани, Љупчо Папазов / фото: Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани, објави Љупчо Папазов на својата Фејсбук страница.

„Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и нивните семејства, а со дел од нив сме и семејни пријатели. Шокот и скршеноста што ги чувствувам ќе траат целиот мој живот. Оваа трагедија ги остави Кочани и Македонија во црнина, а празнината што остана е непреболна“, вели Папазов.

Тој побара од сите надлежни институции да ја испитаат одговорноста на сите инволвирани!

„Непостапувањето е исто така одговорност. Мора да се истражат сите детали, да се најдат сите пропусти, а сите лица што придонеле кон оваа трагедија мора да одговараат. Јас се ставам целосно на располагање на институциите. Иако според закон немав директни надлежности во овој случај, подготвен сум да одговорам на сите прашања за сè, како и за моите лични постапки“, вели Папазов.

Тој повикува на доблест и целосна одговорност. Доколку постои било каков основ за одговорност кај него, тој го повикува обвинителството да го испита тоа и да постапи согласно законите.

„Нема зборови што можат да ја опишат мојата болка! Но, во овие моменти, мора да покажеме доблест, да манифестираме целосна одговорност и да покажеме разлика во начинот на постапување. Со нашето однесување мора да дадеме пример дека се спротивставуваме на системот кој не функционира. Доколку постои било каков основ за одговорност кај мене, го повикувам обвинителството да го испита тоа и да постапи согласно законите“, вели Папазов.

Градоначалникот во оставка сподели со јавноста зошто во текот на вчерашниот ден не излегол во јавноста. Причината за тоа, како што вели, е затоа што е скршен и дека тешко ќе ја преживее трагедијата на градот чија управа ја раководеше.

„За мене, после оваа трагедија, ништо повеќе нема исто значење! Ова беа наши деца! Многумина, со право, забележаа зошто вчера не излегов во јавност цел ден. Но, тие што ме познаваат знаат колку сум скршен и како го доживувам ова што се случи. Тешко е, и тешко ќе го преживеам“, вели Папазов.

На крајот, Папазов завршува со ставот дека никогаш не би помислил дека вака ќе заврши неговиот ангажман како градоначалник.

„Работев чесно и посветено целиот свој живот! Никогаш не сум ни помислил дека вака ќе заврши и мојот ангажман, но сега се повлекувам од оваа функција, молејќи го Бога за душите на нашите деца, за нивните семејства и за народот на Македонија!“, вели Ппазов.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, меѓу другото, изјави дека со Папазов вчера беше извршен службен разговор и дека, доколку се утврди било каква одговорност, тој ќе биде санкциониран.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ