• Latest
Фото: нунс.рс

НУНС: Недопустливо е бесрамното искористување на жртвите од трагедијата за лична промоција

March 18, 2025

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

НУНС: Недопустливо е бесрамното искористување на жртвите од трагедијата за лична промоција

March 18, 2025 16:14
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Фото: нунс.рс

Фото: нунс.рс

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ вчера во придружба на поголем број новинари, сниматели и фоторепортери ги посети државјаните на Македонија кои се повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, а кои се лекуваат во Србија. Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) најостро ја осудува оваа постапка која покрај тоа што е етички недопустлива, и ги загрозува животите на тешко повредените. 

Александар Вучиќ заради сопствена промоција одлучи да ги искористи и жртвите од пожарот. Овој пат, заедно со новинари одлучи да оди во „посета” и наместо надлежните во Клиничкиот центар на Србија (КЦС), тој да ѝ соопшти на јавноста и на семејствата на повредените каква е нивната здравствена состојба. 

Медиумските работници кои се согласија да го следат Претседателот во оваа посета учествуваа во злоупотребата на повредените лица. Злоупотребата и манипулацијата со чувствата на жртвите и нивните блиски е кршење на новинарската етика. Можеме само да ги претпоставиме сите други можни тешки здравствени последици за животно загрозените пациенти кои се наоѓаат во строго контролирани услови со присуството на лицата на кои не им е место таму. 

НУНС најостро го осудува овој потег на власта и бара одговорност за загрозување на здравјето на пациентите. Посетата на повеќе лица кои не се клинички стручен персонал не смееле никако да бидат таму.

Се поставува прашањето, кој го дозволил тоа. За сега се знае дека согласност од пациентот или нивните родители за ваква посета не била побарана и на тоа морале да укажат началниците на КЦС. 

И про-владините таблоиди во Србија максимално ја експлоатираа оваа трагедија со наслови кои не можат да се наречат ни „кликбејт”, а кои се чист пример за најгрубо и немилосрдно нарушување на достоинството на жртвите. Тоа се медиуми кои добиваат најмногу пари од граѓаните преку проектно кофинансирање, јавни набавки и други облици на финансирање. Крајно време е да престанат да се наградуваат и затоа ги повикуваме сите оние кои ги делат парите на сите граѓани на Србија добро да размислат дали и понатаму ќе поддржуваат таквото „новинарство”.  

Покрај тоа НУНС ги повикува и приватните огласувачи да водат сметка во кои медиуми се рекламираат бидејќи одговорното огласување е клучно за заштита на угледот и добриот глас на поедини компании. 

Tags: Александар ВучиќНезависното здружение на новинари на Србија (НУНС)трагедија во Кочани
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ