• Latest
Фото: Фејсбук на др. Ненад Лазаров

Повредените од пожарот во Кочани на лекување во белградските болници на удар на Пи-арот на Вучиќ

March 18, 2025

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Повредените од пожарот во Кочани на лекување во белградските болници на удар на Пи-арот на Вучиќ

March 18, 2025 12:33
in БРЗА ПОШТА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: Фејсбук на др. Ненад Лазаров

Фото: Фејсбук на др. Ненад Лазаров

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Бурни реакции кај дел од македонската и српската јавност предивика појавувањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ со свита од десетина камери и новинари, во болничките соби каде што се сместени пациентите од пожарот во Кочани. Тие што со тешки изгореници и животнозагрозувачка состојба беа испратени во Белград за да добијата подобар третман и лекување, станаа жртва на Пи -арот на српскиот претседател.

Со над 10 камермани и репортери покрај себе, облечени во цивилна облека, српскиот претседател Александар Вучиќ вчера влезе во просториите во белградската болница каде што се лекуваат повредените од пожарот во Кочани. Ова наиде на остри критики кај дел од македонската и српската јавност, особено беа спорни видета и фотографиите кои Вучиќ ги сподели од повредените додека беспомошно лежат во болничките кревети, приклучени на апарати и целите во завои.

Фото: Скриншот

Од фотографиите и видео материјалите објавени војавноста, се гледа како Вучиќ оди од кревет до кревет, со свитата новинари и камери, додека се елаборираше здравствената состојба на пациентите, од кои некои беa свесни, и се заблагодаруваа на помошта, но имаше и пациенти кои не беа во свесна состојба. Истовремено, Вучиќ, заобиколувајќи ги болничките протоколи за одржување стерилност во собите на пациентите со изгореници, кои имаат третман на отворени рани подложни на инфекции, го доведе во опасност животот и здравјето на пациентите.

Фото: Скриншот

„Немојте прес конференции над пациенти, не е во ред, особено не над овие со тешки изгореници, без трошка политика во коментаров мој, изгореници се третираат како отворена рана, не смее вакви гужви од цивили. Од срце благодариме за цела помош, најискрено, ама немојте ова“, напиша докторот Ненад Лазаров.

Повредени од пожарот во Кочани беа испратени на лекување во повеќе држави од регионот и земји членки на ЕУ, но никаде немаше претседатели или премиери кој си прават ПР сликајќи се со поврдените, освен во Србија.


Текстот е личен став на авторот
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ