Денеска на УКИМ требаше да се одржи студентски пленум, но студентите одлучија да го затворат за јавноста, не дозволувајќи присуство на новинари. Пленумот се одржа во Филозофскиот факултет, а студентски претставник изјави дека никој не дал дозвола за снимање и фотографирање.

Некои новинари се побунија, споредувајќи го со пленумот од пред десет години, но студентите одговорија дека сега е 2025 година. Во исто време, од Правниот факултет се слушнаа извиците „уа, уа“.
Според агендата, студентите планирале 15-минутен молк и неколку интерактивни зони за изразување на ставови. Дел од медиумите најавија дека ќе ги бојкотираат нивните идни собири.
По настанот, се појави допис од Независниот студентски сојуз, во кој се осудува обидот на политичката партија Левица да го „киднапира“ собирот, нарекувајќи го фијаско. Најавија и кривична пријава против лица кои се претставувале лажно во нивно име.
А. Мехмети
М. Тодоровска