Припадници на министерството за внатрешни работи (МВР) го приведоа насилникот од Радовиш кој тепаше жена, а насилството го пренесуваше во живо на социјалната платформа „Тик Ток“. Лицето веднаш е однесено во станица, потврдуваат од МВР.
На снимката се гледа како насилникот ја пцуе и ја тепа жената.
Жртвите честопати поради страв од одмазда продолжуваат да го трпат насилството и истото не го пријавуваат.
Видеото не го споделуваме за да не предизвикуваме дополнителна болка на жртвите од семејно насилство.
Фото: скриншот од видеото на ТикТок