• Latest

(ВИДЕО) Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром, непроодни патот Горно Лисиче – Долно Лисиче и првиот мост во Батинци

April 2, 2025

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НЕПОГОДИ

(ВИДЕО) Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром, непроодни патот Горно Лисиче – Долно Лисиче и првиот мост во Батинци

April 2, 2025 09:41
in ВЕСТИ, НЕПОГОДИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови дојдено е до зголемување на нивото на Маркова Река поради што е излеана преку мостот кај населененото место Љубош и низводно и дојдено е до поплавување на неколку куќи, магацини и индустриски објекти во селата Студеничани, Батинци и делови кон Пинтија.


Како што информира денеска РЦУК – Скопје, пријавено е и поплавување на дел од булеварот „Борис Трајковски“ кај населбата Пинтија, каде исто така имало пријави за поплавени магацини.

Според информациите од лицето за контакт од Општина Студеничани, интервенираат службите на Општина Студеничани со локалните фирми, а на терен има и претставници од Општина Кисела Вода.

Во текот на ноќта на единствениот број за итни повици 112 добиени се и пријави за поплавени куќи во Горно Лисиче, каде интервенира Општина Аеродром.

– На поплавените места интервенираат и БППЗ на Град Скопје и јавните претпријатија на град Скопје и единици на локална самоуправа, наведува РЦУК – Скопје.

АМСМ информира дека непроодни се локалниот пат село Горно Лисиче кон село Долно Лисиче во Општина Аеродром и првиот мост во село Батинци, Општина Студеничани.

ЈСП „Скопје“ известува дека поради поплавите од Маркова Река, автобусот со број 70 сообраќа до почетна/крајна станица Дризла и автобусот со број 33 преку населба Драчево во двете насоки.

Железници на Северна Македонија известуваат дека железничкиот патнички и товарен сообраќај од синоќа, од 22:50 часот е во прекин во правец на Лисиче и Драчево и обратно, додека патничкиот сообраќај се одвива преку станицата Трубарево. /МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ