• Latest
Фото: Хера

Хера: Здравјето, заштитата од насилство и дискриминација на младите не се приоритет за Владата и мнозинство на пратеници

April 3, 2025

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
Урсула фон дер Лејен, Албанија, турнеја низ Западен Балкан, 1 октомври 2026 (фото: EU debates - eudebates.tv)

По турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан: Кој забрзува, а кој стои во место?

October 5, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026

КОЈ ЈА ПРЕЗЕМА МОЌТА ВО БАНКИТЕ: Капиталот, политиката и врската Скопје – Белград

October 4, 2026

Удбашка култура: Модел на владеење што го надживеа системот

October 4, 2026
Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ/А. Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ со Арена и „странски служби“, студентите од врата до врата

October 4, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Одбрана, мир, сигурност

October 4, 2026
Днипропетровск, 3 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Нови воздушни напади, жестоки борби и цивили заробени меѓу гладот и мините во Олешки

October 4, 2026
Студентски протести, Франција, 3 октомври 2026 (фото: скриншот, Facebook / Be Social Observer)

Франција пред нов бран ученички и студентски протести, најавен голем протест за 6 октомври

October 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Хера: Здравјето, заштитата од насилство и дискриминација на младите не се приоритет за Владата и мнозинство на пратеници

Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација со остра реакција на законите за основно образование и учебници со кои младите остануваат без здравствена едукација базирана на докази во основните училишта и се озаконува насилство врз децата

April 3, 2025 12:23
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Хера

Фото: Хера

Share on FacebookShare on Twitter

Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација најостро реагираат на најновите измени и дополнувања на Законот за основно образование и Законот за учебници, со кои се озаконува дискриминацијата и насилството, а се бришат темите за сексуално и репродуктивно здравје и родова еднаквост. Овие законски измени се носат без консултација со младите и стручната јавност и директно се спротивни на потребите на младите.

Во време кога државата се соочува со најголемата трагедија во својата понова историја, во која 59 млади животи беа изгубени во Кочани поради системска корупција, неказнивност и негрижа за граѓаните, Собранието како прв приоритет носи закони што дополнително ја загрозуваат добросостојбата на младите.

Законот за основно образование се менува два пати за само неколку месеци, во нетранспарентна постапка, без вклучување на стручната јавност и во спротивност со домашните и меѓународните регулативи.  Последните измени беа донесени по скратена постапка иако претставуваат значително отежнување на остварувањето и заштитата на човековите права. Продолжувањето на ваквите антидемократски процеси, каде што клучни закони се носат по брза постапка, без јавна дебата и без вклучување на експерти и младите, е неприфатливо и загрижувачко.

Во реакцијата на Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација се бара итно запирање на овие штетни законски измени и отворен дијалог со младите, експертите и граѓанските организации за креирање политики што вистински одговараат на потребите на младите и ја штитат нивната иднина.

Во реакцијата се вели дека податоците за насилство, дискриминацијата и здравјето кај младите се алармантни и треба да ги загрижат сите родители, наставници и граѓани на оваа држава:

  • Насилството е нормализирано во Македонија, се почести се случаите на вознемирување, сексуално насилство, малтретирање и силување кај младите извршено од малолетници, како во училиштата, така и во јавните простори;
  • Стапката на просечно стапување на прв сексуален однос кај младите во Македонија изнесува 15 години односно 16 години за девојчињата. За споредба со земјите каде здравствената едукација е интегрирана во училишните програми, младите го одложуваат влегувањето во прв сексуален однос, некаде дури и до 19 годишна возраст;
  • Стапката на тинејџерска бременост во 2023 година изнесува 13.4 на 1000 девојки на возраст од 15-19 години;
  • Младите на возраст од 15 до 18 години се најмногу изложени на насилствоза разлика од другите возрасни групи во државата и младите кои ѝ припаѓаат на ЛГБТИ задницата се и до четирипати почесто малтретирани во училиште од хетеросексуалните врсници[1]. Дополнително, 15-годишници со хомосексуална и бисексуална ориентација страдаат два или повеќе пати почесто во споредба со своите хетеросексуални врсници, честопати со повеќе психосоматски симптоми (74 %), чувства на тага и безнадежност (47 %) или со сериозни самоубиствени мисли (30 %);
  • Само во периодот од 2021-2023 се документирани 82 случаи на насилство во образованието врз ЛГБТИ млади, при што образованието е втора област по ред со најмногу документирани случаи на институционално насилство врз ЛГБТИ, после здравството.

Понатаму, во реакцијата се изразува загриженост од податокот дека никој од стручната јавност, ниту младинските организации, не побараа ваков тип на законски измени во образованието. Токму затоа прашуваме, дали Владата и Парламентот се во директна спрега со неформални и формални радикални групи, кои под превезот на „заштита на правата на децата” секојдневно промовираат –дискриминација, омраза, насилство, шират теории на заговор против употреба на вакцините и други методи за здравствена превенција базираат на докази. Истите групи веќе неколку години промовираат антидемократски процеси и оркестрирано напаѓаат стручни лица, активисти од граѓанскиот сектор, новинари. Оваа насока е целосно спротивна на заложбите на државата за ЕУ интегративните процеси.

Оттука, Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација бараат:

  • Претседателката на државата да не ги потпише Указите за донесување на законите за измена и дополнување на Законот за основно образование и Законот за учебници за основно и средно образование;
  • Владата и Парламентот да ги реобмислат законите во образованието кои директно им штетат на здравјето на младите;
  • Да обезбедат соодветни средства за спроведување на Законот за млади и да се инвестира во младинските центри во кои ќе се креираат безбедни простори за младите, обезбедат психолошки и здравствени услги за младите ширум државата;
  • Одржување нанадзорна расправаза предизвиците и препреките во имплементација на Законот за спречување и заштита од дискриминација пред Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот;
  • Отворање на широка дебата со младите, младинските организации, стручните здравствени и организации кои работат на заштита на правата на маргинализираните заедници, и подготовка на измени на Законот за основно образование, Законот за средното образование и Законот за учебници за основно и средно образование базирани на докази и наука, и во согласност со меѓународните документи за заштита на човекови права со кои суштински ќе се покаже вистинска грижа за младите;
  • Итно и неодложно спроведување на подзаконски акти за заштита на децата од насилство и дискриминација во училишта, стои во барањата изнесени во јавната реакција.

М. Д.

Tags: дискриминацијата и насилствотоизмени и дополнувања на Законот за основно образование и Законот за учебнициМрежата за заштита од дискриминацијаПлатформата за родова еднаквостсе бришат темите за сексуално и репродуктивно здравје
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ