Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, со објава на Х се заблагодари на Северна Македонија за поддршката на Резолуцијата 2598 на ПСС на Европа, со која се поддржува формирањето на Специјален трибунал за злосторството на агресија против Украина, се спротивставува на обновувањето на „Северен тек“ и се залага за правична компензација на жртвите на руската агресија.
Благодарност на 🇲🇰 за поддршката на Res. 2598 на @PACE_News на Европа, со која се поддржува формирањето на Специјален трибунал за злосторството на агресија против🇺🇦, се спротивставува на обновувањето на „Северен тек“ и се залага за правична компензација на жртвите на агресија рф. pic.twitter.com/bmT4bJfrFd
— Larysa Dir (@dir_larysa) April 10, 2025
Парламентарното собрание на Советот на Европа, ПССЕ го поздрави напредокот кон одговорност за руската агресија во Украина и го поздрави финализирањето на текстовите за Трибуналот на кој ќе им се суди на руските лидери – повикувајќи тој да продолжи напред без оглед на еволуцијата на мировните преговори.
Д. Мишев