• Latest

КОЛЕГИУМ: Зборуваме за оние на кои најмалку мислат политичарите – граѓанките и граѓаните

April 19, 2025

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОЛЕГИУМ

КОЛЕГИУМ: Зборуваме за оние на кои најмалку мислат политичарите – граѓанките и граѓаните

April 19, 2025 12:17
in КОЛЕГИУМ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Колегиумот на ЦИВИЛ нарави пресек од 140 и повеќе медиумски блок прилози во рамките на рубриката ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ.

Почнувајќи од 2 септември минатата година, секој работен ден, Редакцијата поставува прашање на кое одговараат десетици, а некогаш и стотици граѓанки и граѓани.

Колку е значаен овој секојдневен прилог говори и фактот дека од одговорите на прашањето поставено на 25 март, произлегоа критики до пратениците кои решија да одат на „распуст“ токму во деновите кога целата земја беше завиена во црно по трагедијата во Кочани. Повеќе граѓанки и граѓани ја искористија можноста да ги прашаат пратениците дали ќе се вклучат во хуманитарната акција за собирање донации за семејствата на настраданите во пожарот кој однесе досега 61 живот.

Прашањата што ги поставува ЦИВИЛ се поврзани со актуелните предизвици со кои се соочува општеството – од социјални проблеми и општествени појави до политика, како домашна, така и регионална и глобална. Сите прашања се објавуваат и на интернет порталот ЦИВИЛ МЕДИА во рубриката ФОРУМ.

Еден ден подоцна, сите коментари и пораки се сублимираат во еден текст со заеднички наслов РЕАКЦИИ во истата рубрика (ЛИНК), каде што се наоѓаат и прилозите со изјави, интервјуа и низа други содржини – во секој случај, една од најдинамичните рубрики на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Од минатиот петок, ЦИВИЛ воведе редовно петочно прашање насловено како ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ): Што имате да им порачате на властите?

Со ова редовно прашање, ЦИВИЛ продолжува да обезбедува слободен простор за изразување на сите граѓанки и граѓани. Секој понеделник, пораките и прашањата се сублимираат во еден текст кој ѝ е достапен на јавноста и на властите.

Во текот на подкастот, членовите на Колегиумот презентираа избор од неколку прашања на кои работеле во текот на изминатите месеци.

Сите изданија на КОЛЕГИУМ може да се најдат на овој ЛИНК.


Во ова издание на КОЛЕГИУМ учествуваа (според редослед на појавувањето): Џабир Дерала (водител), Биљана Јордановска, Диана Тахири, Драган Мишев, Дехран Муратов и Јане Ѓорѓиоски

Реализација: Ариан Мехмети


0:00 – Зборуваме за оние на кои најмалку се мисли: граѓанките и граѓаните – Џабир Дерала 03:04 – Граѓан(к)ите одговорија на 140 и повеќе прашања до сега – Биљана Јордановска 16:44 – Граѓански форум – што имаат граѓан(к)ите да им порачаат на властите – Диана Тахири 24:52 – Говор на омраза и тролови – Драган Мишев 34:43 – Поставуваме прашања што ги засегнуваат сите граѓан(к)и без оглед на припадноста; мразачите не се толку голем проблем, колку што се релативизаторите – Дехран Муратов 42:21 – Како функционира ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ – повик до сите граѓанки и граѓани да учествуваат – Џабир Дерала

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ