Најмалку 64 луѓе биле убиени во израелските напади врз Газа во петокот, а бројот на жртви продолжува да расте, пишува Ал Џезира повикувајќи се на медицински извори.
Светската програма за храна на Обединетите нации издаде итно предупредување дека „На Газа сега и е потребна храна“ бидејќи стотици илјади луѓе се изложени на ризик од глад.
Дописникот на Ал Џезира од Газа вели дека луѓето се „ментално скршени“ поради израелските бомбардирања и не можат да ги прехранат своите деца поради израелската блокада на хуманитарна помош.
Министерството за здравство на Газа тврди дека најмалку 51.065 Палестинци се убиени, а 116.505 се ранети во израелската војна против Газа.
Канцеларијата за медиуми на владата на Газа го ажурираше бројот на загинати на повеќе од 61.700, велејќи дека илјадници луѓе исчезнати под урнатините се претпоставува дека се мртви. Најмалку 1.139 луѓе беа убиени во Израел за време на нападот предводен од Хамас на 7 октомври 2023 година, а повеќе од 200 беа заробени.