Пожар избил во стан во скопската населба Аеродром, а сопственикот се здобил со изгореници. Заедно со неговиот син поради вдишување на чад се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
– Вчера во 5:14 часот во СВР – Скопје било пријавено дека во зграда на подрачјето на општина Аеродром, настанал пожар во стан, сопственост на П.Д., на возраст од 74 години. Од пожарот, со изгореници се здобил сопственикот и заедно со неговиот 52-годишен син О.Д., поради вдишување чад, биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, појаснуваат од МВР.
Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје и извршен е увид од увидна екипа од СВР – Скопје.