• Latest

Татко на починатиот осуденик: Ми го претепаа синот во затвор!

March 15, 2017

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Татко на починатиот осуденик: Ми го претепаа синот во затвор!

March 15, 2017 20:07
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Таткото на 21 годишниот Андриас Реџепов од Шуто Оризари, кој пред четири дена почина во затворот во Идризово, во разговор за ЦИВИЛ Медиа, вели дека има сомнежи оти лица од службите во затворот се виновни за неговата смрт. Тој бара итно да се расветли случајот и да се откријат вистинските причини за смртта, бидејќи наводно, имал сведоштво од анонимен затвореник кој тврдел дека момчето „го претепале командири“.

„Другарите на син ми од затвор ми се јавија дека син ми е во болница. Кога пристигнав во болница не ми дозволија да го видам. Потоа, кога отидовме во затворот во Идризово, не известија дека син ми почина, тоа беше шок за нас. Пред два дена го погребавме едниот син, но мислите ми се кај другиот, 22-годишен син кој остана во затворот во Идризово, се плашам и нему да не му се случи нешто“, вели за ЦИВИЛ Медиа, Нехру Реџепов, таткото на починатиот.

Активистот Геге Демировски, за ЦИВИЛ Медиа истакна дека има докази кои укажуваат дека момчето е тепано во затворот.

„Апелирам до сите надлежни институции да го расчистат случајот, во спротивно ќе излезат илјадници Роми на протест пред Министерство за правда на Република Македонија“, додава Демировски.

Од Европскиот центар за правата на Ромите (ЕРРЦ), Будимпешта, велат дека будно го следат случајот на починатото 21-годишно момче.

„Со цел итно разрешување на случајот, ЕРРЦ подготви писмо и утре ќе биде упатено до сите надлежни институции и ќе се бара итно да изнесат официјални податоци за случајот (детален извештај од направената обдукција, извештај од местото од истражен судија и форензичар, детален токсиколошки извештај), како и започнување итна истрага на Јавниот обвинител на Република Македонија по службена должност, и обезбедување праведна компензација и поддршка на семејството на починатиот. ЕРРЦ ќе продолжи будно да ги следи сите настани во поглед на овој случај и во ситуација на непрофесионално и неневремено вршење на должностите од надлежните органи, ќе поведеме тужба пред националните и меѓународните судови“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, правничката Сенада Сали, од Европскиот центар за правата на Ромите (ЕРРЦ), Будимпешта.

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права поднеле барање до Комисија за слободен пристап за информации од јавен карактер, да добијат податок колку затвореници починаа во последните три години во сите затвори во Македонија. Правниот советник на Хелсиншкиот комитет, Воислав Стојановски, за ЦИВИЛ Медиа вели дека најголем проблем во затворите е пренатрупаноста и недостатокот на медицински персонал. Тој додава дека за едно легло во затворите има по двајца затвореници и медицинскиот персонал не може да постигне да им излезе во пресрет на сите, затоа што работи само една смена.

„Во последните 6 месеци починаа 7 затвореници во затворот Идризово. Пред три-четири дена, почина едно момче и чекаме да ги видиме резултатите од обдукцијата, за да дадеме коментар за тој случај. Сметам дека Обвинителството треба јавно да ги соопшти резултатите од обдукцијата и да ја информира јавноста, бидејќи тоа е од јавен интерес. Досега немавме јавно соопштување на резултатите. Пренатрупаноста во затворите ќе се намалеше доколку се воведеше Закон за пробација, сокој, осудените лица казната ќе ја извршуваа во домашен притвор, со носење на алка за следење“, вели Стојановски.

Тој вели дека итно треба да се воведе 24 часа присутен медицински персонал во затворите и да им се овозможи на невладините организации и медиумите да вршат независен надзор во затворите и да имаат можност да разговараат со затворениците. Затоа што, последниве години, од Управата за извршување на санкции, освен на Народниот правобранител, никому не му дозволуваат да влезат во затворите.

„Од Комисијата за превенција од тортура на ОН, во Македонија доаѓаат секои 2 години, а треба да доаѓаат на секои 4 години. Тоа покажува колку лоши услови има во македонските затвори“, додава Стојановски.

Од затворската управа ги отфрлуваат обвинувањата.

Текст и камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента

Tags: Европскиот центар за правата на Ромитезатвор ИдризовоКомисијата за превенција од тортура на ОНпочинат осуденикХелсиншки Комитет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ