Палестинската цивилна одбрана денеска соопшти дека најмалку 17 лица загинале во израелските напади во Појасот Газа. Во напад врз училиште во градот Газа, каде се верува дека се сместени раселени лица, загинаа 11 лица, а 17 се ранети.
„Меѓу загинатите има жени и деца’, изјави портпаролот на Цивилната одбрана, Махмуд Басал.
Четири лица загинаа кога израелската армија гаѓаше куќи во источниот дел на Појасот Газа, соопшти Цивилната одбрана.
Во напад врз куќа во Џабалија, на северот, загина едно дете, а едно лице загина во напад во Кан Јунис.