• Latest

Стармер: Украина мора да има целосна автономија во одлучувањето за условите на мировниот договор со Русија

April 25, 2025
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Стармер: Украина мора да има целосна автономија во одлучувањето за условите на мировниот договор со Русија

April 25, 2025 09:20
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Британскиот премиер, Кир Стармер, изјави дека Украина мора да има целосна автономија во одлучувањето за условите на мировниот договор со Русија, отфрлајќи го предлогот на американскиот претседател, Доналд Трамп, за признавање на Крим како руска територија.

-Мора да биде примирје под услови што сите страни можат да ги прифатат, вклучително и Украина. Исто така, мора да биде долгорочно примирје, рече Стармер во интервју за британскиот „Телеграф“.

Премиерот истакна дека Москва мора да се согласи на безусловно примирје и процени дека може да се постигне договор до летото.

-Русија е агресор… Русија мора да седне на преговарачка маса и да се согласи на примирје. Зеленски не е виновен за немањето договор. Русија е таа што изврши инвазија. Украина е таа што одлучува, а не која било друга сила од страна, рече Стармер.

Тој, исто така, повтори дека Велика Британија нема да го поддржи формалното признавање на Крим како руска територија, што, според медиумите, е дел од пакетот за преговори предложен од администрацијата на Трамп.

Наместо тоа, тој повика на одржлив прекин на огнот што нема да дозволи Русија „да ги рестартира конфликтите во иднина“.

Стармер, кој инсистира на тоа секој договор за Украина да мора да вклучува безбедносни гаранции за западните сили да го надгледуваат спроведувањето на договорот, нагласи дека е клучно прекинот на огнот да не се покаже како привремено решение.

-Привремениот мир само ќе ѝ дозволи на Русија подоцна да се врати. Тоа веќе го правеа и претходно – и, без сомнение, ќе го сторат повторно, заклучи Стармер.

Иако имаше шпекулации дека Велика Британија може да распореди војници како дел од „коалицијата на посветените“, Лондон соопшти дека ќе испрати воени инструктори.

Во тек се преговори меѓу САД, Велика Британија и другите сојузници за формулирање на мировен план./ МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ