Во ова 15-то издание на КОЛЕГИУМ, како и секогаш, без ракавици и заобиколувања, ЦИВИЛ-ите дискутираат за дел од најжешките теми во земјата, регионот и светот.
Дехран Муратов дискутира за Мицкоски и Тошкоски кои ја „даваат главата“ на министерот без ресор Шабан Салиу за да ја спасат својата – политичка глава, се разбира.
Ариан Мехмети дискутираше за реакциите на прашањето „Дали ќе има правда за Кочани“. Луѓето се разочарани и гневни, не веруваат дека ќе има правда.
Кон крајот на јули, почетокот на август се очекува да се распишат локланите избори, што според сегашниот ИЗ би се одржале на крајот на октомври. Политичките партии веќе се подготвуваат. За сите важни аспекти на овој процес говори Биљана Јордановска.
Претседателот на РС, Милорад Додик како да е недопирлив, дури и обидот за апсење од страна на агентите на Државната агенција за истрага и заштита на Бих, пропадна. Што се случува? На ова прашање одговара Диана Тахири, која се осврна и на телефонскиот разговор на Вучиќ со Путин. Овие и други клучни вести, анализи и коментари од и за регионот редовно се покриени во рубриката РЕГИОН.
Драган Мишев говореше за „мировните преговори“ кои паднаа во сенка на рускиот ракетен терор. На ова се надоврзува Џабир Дерала кој говореше на оваа тема, а го претстави и соопштението на ЦИВИЛ, едно од најжестоките соопштенија во изминатите три години, под наслов „Стоп за злото – Рускиот ракетен терор мора да престане веднаш!“.
ЦИВИЛ МЕДИА е простор за најрелевантни вести, анализи и ставови за руската агресија против Украина и нејзиното влијание врз светските текови, поместени во рубриката ВОЈНА ВО УКРАИНА.
Џабир Дерала зборуваше и за публикацијата „Одбрана на демократијата и човековите права“ која е дел од истоимената меѓународна иницијатива која беше основана од една меѓународна, две германски и една македонска организација – ЦИВИЛ – во декември, минатата година.
Јане Ѓорѓиоски, главен уредник на Фронтлајн, говореше за сериозните предизвици што ќе уследат по новите измени во Законот за медиуми врз слободата на изразувањето, медиумските слободи и независноста на новинарската работа.
Реализација: Ариан Мехмети