• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

На која планета живеат Мицкоски и министрите?

April 28, 2025

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

На која планета живеат Мицкоски и министрите?

April 28, 2025 20:57
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Пред сопартијците и некои министри од неговата влада,  на домашен терен,  на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, таму каде што знае дека што и да каже, што и да излаже, ќе биде награден со аплауз, премиерот Мицкоски констатираше дека дека владата е стабилна и силна, и дека ги исполнува очекувањата на граѓаните.

Но тоа само под услов ако се лоботомирате и го следите политичкото Е-Пе-Пе на провладините медиуми, кој како да воведоа медиумска блокада на известување за протестите на семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани, и преку пласирањена анкета на Маркет Вижн, платена 400.ООО евра од буџетски пари, само еден ден по пожарот, ви го бојат светогледот розово.

Во реалниот живот, обичните граѓани, кои не се дел од ова „силна“ владина структура, на свој грб  чувствуваат како оваа неспособна влада ги „исполнува ветувањата и очекувањата“на граѓаните.

Додека цените галопирачки секој ден го пробиваат „плафонот“, платите ни да мрднат, а стандардот на граѓаните го пробива дното.

Како ли сега едно четиричлено семејство,  кое според Мицкоски треба да биде составено од тато, мама, дада и бато, да се справи со потрошувачката кошничка дизајнирана од премиерот за тричлено семејство?

И додека „стабилната и силна“ владина коалиција си ги билда мускулите за настап на наредните избори, во еден многу значаен сегмент од владата, битен за физичкиот опстанок на жителите на оваа држава, предводен од министерот за здравство Арбен Таравари, кој единствено е заинтересиран со кого ќе коалицира на локалните избори, се случува колапас.

Тоа што сега за медиумите и ботовите на социјалните мрежи онкологија е забранета тема од кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, воопшто не значи дека проблемите се решени. Напротив. Тие уште чекаат терапија од Онкологија, од која им зависи животот, скептични дека воопшто живи ќе ја дочекаат.

Со нередовното снабдување на инсулин и лекови за дијабетичарите, со доаѓањето на новата владина номенклатура, во инсулинските амбуланти владее хаос. Нема, има само двe, дојди деновиве по третото , Се уште не ни доставиле, имаше ама заврши, не знаеме кога пак ќе има, дојди после 1-ви. А до први??? Дури и инсулинската аптека во поликлиника Јане Санданси, која треба да биде отворена во 8 часот, денес не беше отворена до 8.10, кога пациентите што чекаа почнаа да го губат трпението, а и времето за кое можеа да отсуствуваат од работа им завршуваше, па почнаа нервозни да си заминуваат. А зошто и да отвори, ако ги нема залихите кои треба да им ги даде на пациентите.

Но затоа, владините мегафони како колосален успех на владата ја претставија најавата за укинувањето на визите за македонските граѓани за патување во Обединетите Арапски Емирати, резултат на посетата на владината делегација предводена од Христијан Мицкоски на ОАЕ.

Нема што, огромна придобивка за македонските граѓани кои со минимална плата која владата на Мицкоски не дозволува да достигне ниту до 500 евра,до сега не можеа да си дозволат ниту одмор во Струга или Дојран, сега, благодарение на вонпланетерните можности на премиерот и неговите министри, ќе може да се сончаат и да ги згреат коските на врелиот емиратски песок. Добро ќе им дојде за следната грејна сезона, кога нема да можат да си ги платат поскапените струја, парно, огревно дрво


Текстот е личен став на авторот
Tags: дијабетесДубаинедостаток од терапијаонкологијаХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ