Американскиот претседател Доналд Трамп штотуку објави а Truth Social дека Мајк Валц повеќе нема да биде негов советник за национална безбедност и ќе биде номиниран за „следен амбасадор на Соединетите Американски Држави во Обединетите нации“, пренесува Би-би-си.
Продолжувајќи го својот пост, Трамп додава дека државниот секретар Марко Рубио во меѓувреме ќе служи и како советник за национална безбедност.
Ова доаѓа неколку часа откако извештаите велеа дека се повлекува од функцијата советник за национална безбедност.
Еве ја неговата целосна објава:
Со задоволство објавувам дека ќе го номинирам Мајк Валц за следен амбасадор на Соединетите Американски Држави во Обединетите нации. Од времето кога беше во униформа на бојното поле, во Конгресот и како мој советник за национална безбедност, Мајк Валц работеше напорно за да ги стави интересите на нашата нација на прво место.
„Знам дека ќе го стори истото и во својата нова улога. Во меѓувреме, државниот секретар Марко Рубио ќе служи како советник за национална безбедност, додека продолжува со своето силно лидерство во Стејт департментот.
„Заедно, ќе продолжиме неуморно да се бориме за да ја направиме Америка и светот ПОВТОРНО БЕЗБЕДНИ. Ви благодарам за вашето внимание на ова прашање!“, напоша Трамп.
М. Д.