• Latest
Фото: Скриншот

ЕУ бара итна деблокада на хуманитарната помош за Газа

May 7, 2025

Реакции на косовските политички лидери по одлуката на САД да го суспендира стратешкиот дијалог

September 13, 2025

Уште два дена до крајниот рок за пријавување на повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

September 13, 2025

Собранието со 73 гласа „за“ и ниту еден „против“ изгласа Декларација за одржување фер, слободни и демократски избори

September 13, 2025
Елена Симонофски- „ВМРО-ДПМНЕ-Албанија
извор: Фб

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

September 13, 2025

Последен ден за поднесување кандидатури за градоначалници и членови на совет до Општинските изборни комисии

September 13, 2025

Ројтерс: НАТО ќе ја зајакне одбраната на источниот брег на Европа откако Полска собори беспилотни летала

September 13, 2025

24 ЧАСА: Рускиот амбасадор осуетен да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава; уапсен убиецот на Чарли Кирк; кандидат за градоначалник на Скопје трча кон Москва

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Велика Британија го отпушти амбасадорот во САД, Питер Манделсон, поради врски со Епштајн

September 12, 2025
фото: скриншот Х

Уапсен осомничениот за убиството на Чарли Кирк

September 12, 2025

Најчесто поставувани прашања поврзани со практични аспекти на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ (1)

September 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО ГАЗА

ЕУ бара итна деблокада на хуманитарната помош за Газа

May 7, 2025 13:20
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО ГАЗА, СВЕТ
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Во Газа не е влезена никаква хуманитарна помош повеќе од два месеци, што претставува најдолга ваква блокада и предизвикува голема загриженост, се наведува во заедничката изјава на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и еврокомесарките за Медитеранот и за еднаквост, подготвеност и справување со кризи, Дубравка Шуица и Хаџа Лабиб.

– Агенциите на ОН известуваат дека резервите на храна се исцрпени и дека повеќето домаќинства немаат безбедна вода. Повторно започнаа ограбувањата на магацините. Хуманитарците продолжуваат да предупредуваат дека гладот во енклавата се шири и се продлабочува, се наведува во изјавата.

Во неа се додава дека ЕУ го повторува својот итен повик до Израел веднаш да ја укине блокадата на Газа, во услови кога на границата чекаат тони помош, што претставуваат залихи за три месеци за населението од 2,2 милиони.

– Откако ќе биде укината блокадата, ситуацијата со храната би можела многу брзо да се подобри. Како окупаторска сила, Израел е должен според меѓународното право да обезбеди хуманитарната помош да стигне до населението на кое му е потребна. ЕУ е исто така загрижена поради новиот „механизам за испорака на помош за Газа“, наводно одобрен од израелскиот Кабинет за безбедност на 4 мај, кој е во спротивност со хуманитарните принципи, како што е нагласено од агенциите на ОН и хуманитарните партнери. Механизмот би ја префрлил одговорноста за дистрибуција на помошта на нехуманитарни меѓународни актери и изведувачи на приватни безбедносни услуги, посочуваат членовите на ЕК во изјавата.

Ти наведуваат дека ЕУ упатува јасна порака оти хуманитарната помош никогаш не смее да се политизира, а нејзиното користењето како средство за војна е забрането според Меѓународното хуманитарно право.

– Помошта мора да стигне до цивилите на кои им е потребна. ЕУ, исто така, го повикува Израел да дејствува врз основа на предлозите на ОН според механизмот 2720 и да обезбеди целосно почитување на меѓународното хуманитарно право и на основните принципи на хуманитарната акција – хуманост, непристрасност, неутралност и независност, преку конструктивна дискусија со ОН и назначените невладини организации, се потенцира во изјавата.

Во неа натаму се нагласува дека ЕУ го повторува својот повик за продолжување на прекинот на огнот и итно и безусловно ослободување на заложниците, што ќе доведе до траен крај на непријателствата.

– ЕУ ја повторува својата непоколеблива поддршка за палестинскиот народ. Од 2023 година, преку воздушни мостови на ЕУ беа доставени над 3.800 тони помош, а над 450 милиони евра хуманитарна помош беа доделени на Газа. По повод првиот политички дијалог на високо ниво меѓу Европската Унија и Палестинската самоуправа, Комисијата објави повеќегодишна сеопфатна програма за поддршка во вредност до 1,6 милијарди евра, за поттикнување на палестинското закрепнување и отпорност, се додава во изјавата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ