• Latest

ЕП го усвои извештајот за Србија: Замерки за владеењето на правото, политичкиот дијалог, борбата против корупција, (не)усогласување со надворешните политики на ЕУ

May 8, 2025
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

ЕП го усвои извештајот за Србија: Замерки за владеењето на правото, политичкиот дијалог, борбата против корупција, (не)усогласување со надворешните политики на ЕУ

May 8, 2025 11:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРОЦЕСИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот парламент го усвои извештајот за Србија, со 419 гласови „за“, 113 гласови „против“ и 88 воздржани. Така, тоа стана резолуција, која нема правно обврзувачки карактер.

Авторот на извештајот, известувачот Тонино Пицула, за време на  дебатата во Стразбур изјави дека, и покрај одреден напредок во економијата, Србија се соочува со големи пречки, пред сè во областите на владеењето на правото, политичкиот дијалог, борбата против корупцијата и усогласувањето со надворешната политика на Унијата, јавуваат српски медиуми.

Дебатата се одвиваше првенствено со критички тон кон српското раководство поради недостатоците и бавните реформи на патот кон Европската Унија.

Вака пратениците се осврнаа на падот на настрешницата во Нови Сад, а многумина ја истакнаа својата поддршка за студентите во Србија, бидејќи велат дека се залагаат за европски вредности.

Исто така, порака имаше и од европската комесарка Марта Кос, која рече дека решавањето на одредени проблеми и реформи не само што ќе ја доближи Србија до ЕУ, туку ќе ги реши и внатрешните проблеми и поделби.

Една од темите на дебата беше посетата на претседателот на Србија на Москва на 9 мај, која беше најавена завчера, а вчера беше реализирана. Во оваа смисла, Тонино Пицола рече дека пораките на српското раководство за посветеност на европските интеграции се неубедливи. Друг пратеник рече дека 9 мај треба да се слави како „Ден на Европа, а не како парада на Путин“.

Против тоа мнозинство, имаше и неколку пратеници, првенствено од десничарската политичка група „Патриоти за Европа“, кои сметаат дека извештајот на Тонино Пицула е пристрасен и дека не ги одразува сите позитивни резултати што Србија ги постигнала по патот.

По усвојувањето на овој извештај, кој стана резолуција, известувачот на ЕУ за Србија,Тонино Пицула одржа прес-конференција, кој истакна дека нема да има скратени патишта за Србија во процесот на пристапување кон Европската Унија и дека се очекува клучен напредок во основните права, дијалогот со Приштина и усвојувањето на санкциите против Русија.

„Раководството на Србија тврди дека Европската Унија е главната цел за таа земја. Покрај тоа, тие неодамна изјавија дека Србија ќе биде подготвена да се приклучи кон Унијата дури и пред 2027 година, но реалноста покажува нешто сосема друго“, рече Пицула.

Инаку, дебатата од галеријата во парламентот ја следеа неколку студенти од Србија кои учествуваа во штафетниот ултрамаратон, каде што тргнаа од Нови Сад и се упатија сè до Брисел, со цел да им пренесат пораки на европските елити за тоа како ја гледаат ситуацијата во Србија и што се случува во Србија.

Д. Т. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ