• Latest

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025 20:26
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска остро ги осуди ставовите на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го дека е „на страната на војната“ и додавајќи дека сите кои верувале во спротивното сега се одговорни за своите заблуди.

– Претседателот Путин е на страната на војната, а не на страната на мирот… и оние кои веруваа дека тој има желба за мир, сами се измамиле, изјави Макрон на прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск во Нанси, пренесува „Фигаро“.

Туск и Макрон денеска потпишаа договор за пријателство и засилена соработка, а францускиот претседател го означи „француско-полското пријателство“ како „срдечен сојуз“.

Сличен договор веќе е потпишан меѓу Франција и Германија, Италија и Шпанија.

Макрон повтори дека „животните интереси“ на Франција, засновани на нејзината стратегија за нуклеарно одвраќање, исто така се поврзани со интересите на нејзините „главни партнери“ во Европа.

– Од 60-тите години, со изјавите на генералот (Шарл) Де Гол, европската димензија на оваа стратегија за одвраќање беше афирмирана и постојано потврдена од сите мои претходници, а јас го направив истото, потсети Макрон.

Тој додаде дека во „соодветен момент“ ќе отпатува за Украина, но не прецизираше дали ќе присуствува на самитот на европските лидери кој се одржува овој викенд, пренесува БФМ ТВ.

– Во соодветен момент, ќе заминам таму (во Украина). Поради многу разбирливи причини, за тоа ретко се зборува однапред, рече Макрон.

Неколку часа претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски го најави одржувањето на самитот на европските лидери во Украина овој викенд.

Овој состанок ќе ги обедини членките на „коалицијата на подготвените“, која главно се состои од европски земји и има за цел да обезбеди воена помош за Киев, како и да постави рамка за воспоставување траен мир во Украина.

Самитот на европските лидери во Украина се одржува по вчерашниот повик на американскиот претседател Доналд Трамп за „безусловен прекин на огнот од 30 дена“ во Украина, што треба да доведе до „траен мир“.

Макрон ја поздрави оваа изјава и изрази желба да „се дејствува во таа насока без илузии и без одлагање“.

Tags: Војна во УкраинаМакронПутин
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ