• Latest

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
Христијан Мицкоски, Њујорк, 21 септември 2026 (скриншот, видео)

Мицкоски од Њујорк: Остануваме на европскиот пат, нејасно со кои конкретни чекори

September 22, 2026

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025 15:31
in ДЕМОКРАТИЈА, ПОЛИТИКА, СВЕТ, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во време кога светот се соочува со пораст на десничарскиот екстремизам и авторитаризам, кога на стариот континент води реална борба за опстојување на демократијата, нејзините вредности, борбата за човековите права и слободи е уште поитна и алармантна. Граѓанското општество, но уште побитно политичарите и институциите треба да застанат на браникот на демократијата и да најдат начин за зајакнување, заштита и поддршка на демократските вредности.

Борбата, но и одбраната на демократијата и човековите права соочени со војни, национализам и авторитаризам, треба да биде заеднички двигател на пошироката јавност. Искуствата, ресурсите и добрите практики повикуваат на здружување и иницијативи кои би допреле не само до граѓаните туку и до носителите на одлуки.

Авторитарните режими и крајно десничарските движења користејќи ги алатките што им ги пружаат комуникациските и медиумските платформи, социјалните мрежи, па и вештачката интелигенција, се организираат меѓусебно во ширење на пропаганда, дезинформации и лажни вести, а преку нив и говор на омраза и повици на насилство, како крајно решение во случаи каде на стравот и недовербата им треба поттик за нивно ширење.

Загрижувачката политичко-општествената состојба во која се наоѓа Европа и светот беше појдовна точка за организаторите на меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“ што се одржа на 11 и 12 декември во Скопје, Северна Македонија. ЦИВИЛ – Центар за слобода, Media Dialogue, Youth for Media (Германија) и New European People’s Forum (со седиште во Брисел) поврзаа над 80 учесници вклучувајќи 30 главни говорници и панелисти, лидери за човекови права, меѓународни експерти и претставници на медиуми и граѓанското општество кои дискутираа, но и понудија решенија и сет на препораки токму во насока не само на заштита на демократските вредности туку процеси кои се клучни за демократијата да надвладее.

Програмата на конференцијата вклучуваше затворени работилници во четири работни групи, состаноци за вмрежување и прес-конференција на 11 декември, по што следеше осумчасовна конференција со четири панели на 12 декември, која се пренесуваше во живо на англиски, македонски и албански јазик.

Проценките со партнерите и експертите на 13 декември, како и последователните состаноци и кореспонденција во месеците што следуваа, дополнително ги прецизираа препораките. Истовремено се обврзаа во рамки на Иницијативата за одбрана на демократијата редовно да ги ажурираат постоечките препораки и да воведуваат нови, во согласност со регионалните и глобалните случувања.

Како резултат на заедничките заложби на партнерите и на учесниците на конференцијата произлезе публикација Одбрана на демократијата и човековите права – Извештај и препораки за политики достапна онлајн, но и во печатено издание. Публикацијата ги содржи препораките за  е стуктурирана во три дела: Препораки, Глобални гласови (главните говори на истакнати учесници од цела Европа и САД) и Извештај за активности.

Публикацијата е достапна во формат едноставен за читање и преземање, објавена на повеќе платформи, меѓу кои Media Dialogue (Германија), Defending Democracy, CIVIL MEDIA, Civil.Today и други. Сета содржина е достапна според лиценцата Creative Commons 4.0 International, што овозможува слободен пристап и споделување. Освен дигиталната верзија, достапен е и ограничен број печатени примероци.

Публикацијата не само четиво кое ќе остане на хартија. Напротив, таа е платформа за развој и простор за глобална, заемна, комуникација, поддршка и делување на сите чинители чии заложби се заштита и одбрана на демократијата и човековите права. Таа е појдовна точка за стратешки пристап кон имплементирање на препораките, преземање акции за справување со десничарските и авторитарни режими надвор од академската, дипломатската и институционална удобност.

„Одбраната на демократијата во ера на растечки авторитаризам, хибридни закани и агресивни војни не е само одговорност на владите, туку на сите демократски сили – граѓанското општество, медиумите, академската заедница и активните граѓани. Предизвиците со кои се соочуваме бараат координиран напор за зачувување на демократските вредности, спротивставување на дезинформациите, зајакнување на институциите и одбрана на човековите права. Демократијата не смета како нешто подарено, таа е тешко извојувана; таа мора активно да се штити и зајакнува преку инклузивно учество, граѓанска ангажираност и меѓународна соработка“, велат иницијаторите во публикацијата (стр. 68, Заклучок, Препораки за политики).

Препораки за политики

Опфаќајќи десет тематски делови, ова поглавје обезбедува суштински контекст, детални препораки и конкретни чекори, мерки и активности. Насочено е на политички лидери, актери од граѓанското општество, академци и агенти на промени.

ЦИВИЛ ексклузивно го објавува преводот на македонски јазик за клучниот дел од публикацијата – препораките и политиките.

Досега се објавени следните препораки:

Авторитарните тенденции се во подем – времето за дејствување е сега: Вовед во клучниот документ со препораки на глобалната иницијатива „Одбрана на демократијата“

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност


Прочитајте ја публикацијата онлајн

Media Dialogue (Germany)
Defending Democracy
CIVIL MEDIA
Civil Today
Drejt
Green CIVIL

За проектот

Публикацијата е дел од проектот поддржан од Владата на Северна Рајна–Вестфалија и спроведен од меѓународниот конзорциум:

  • Младите за медиумите и Медиа Дијалог (Германија)
  • ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија)
  • Нов европски граѓански форум (Брисел)

Овие организации се ко-основачи на Иницијативата за одбрана на демократијата, посветена на спротивставување на антидемократските сили и градење сојузи за демократска трансформација и човекови права ширум светот.

Основачите на Иницијативата за одбрана на демократијата ги покануваат институциите, медиумите, граѓанското општество и поединците да ја истражат публикацијата, да ја споделат нејзината порака и да станат дел од глобалното движење за спротивставување на војната, национализмот и авторитаризмот – заедно, можеме да ја одбраниме демократијата и човековите права.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ