• Latest
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025

Османи со „градежна стража“ против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025 15:25
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

Share on FacebookShare on Twitter

Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска одржа протест во Скопје на кој беше побарано да се почитува Законот за минимална плата и основната плата во полицијата да биде најмалку колку минималната плата. Се бара и воедначување на судската пракса на целата територија на државата и спроведување на судските постапки во законски предвидените рокови.

– Денеска сме тука пред судовите да им укажеме дека многу им е и таа два отсто доверба што ја имаат граѓаните. Да им укажеме дека платата на полициските службеници е составена од основна плата плус зголемување. Законот за минимална плата предвидува дека основната плата на работниците не може да биде под минималната плата. Не може да важат законите во државата за полицијата единствено кога таа треба да се казнува, изјави Мартин Ефемов, претседател на НСП.

Како што нагласи, овој протест е со единствена цел и барање на воедначување на судската пракса на целата територија на државата.

– Во моментов имаме илјадници предмети што полициските службеници ги водат против Министерството за внатрешни работи и во кои бараат да се досуди разлика до минималната плата. Полициската плата е составена од основна плата плус зголемување, минат труд, додатоци и така натаму, а по Законот за минимална плата, основната плата не може да биде под минималната плата. Ова што го говориме е така и истото е кажано и од Апелациониот суд во Гостивар и од Апелациониот суд во Битола. Судии од Граѓанскиот суд во Скопје и од Апелациониот суд во Скопје на 21.03 носат решение со што се обидуваат да направат сосема друга и поинаква судска пракса. Ова доаѓа по нивното советување, конференција, состанок – како и да го кажеме, во Министерството за внатрешни работи, каде што претпоставуваме дека поради умилкување, судиите што ги именувавме, сакаат да постигнат целосна промена на судската пракса и законот во полицијата да не важи. Односно, Законот за минимална плата да не биде применет како што треба во државата. Ние бараме да ги видат овие судски предмети, затоа што Скопје не е надвор од државата, ниту Битола ниту Гостивар не се, да ја воедначат судската пракса за цела територија на државата и ако нешто не им е јасно, да се упатат на катедрите за трудово право за да им појаснат што е основна плата, што е минимална плата и што е плата, рече Ефремов.

Тој беше прашан дали тоа значи сега дека во различни делови од земјата, полициски службеници примаат различна плата и колку сега во овој момент во Скопје се пресметува основната плата.

– Не, тоа значи дека во различни градови во државата, судовите кажуваат дека на едни полициски службеници треба да се исплати повеќе плата, а во Скопје велат дека ни е доволна оваа плата што ја земаме, така ќе му дојде, затоа што веќе со овие пресуди, колегите имаат наплатено и е докажано дека нивната плата е под минималната, а за жал, скопските судови велат – тоа не следува, одговори претседателот на НСП.

Ефремов додаде дека платите во полицијата е многу едноставно да се пресметаат.

– Со самото тоа што треба да го помножите бодот – односно висината на бодот, со бројот на бодови што ги имаме. Полициски службеник има од 550 бодови па нагоре, значи стартува од 550 бода, а бодот во моментов во Министерството за внатрешни работи е 35.47 денари. Што значи дека и во моментов и во континуитет, наназад со години, полициската плата е многу под минималната плата, истакна Ефремов.

Кристина Ампева од Сојузот на синдикати – петта сила, изрази поддршка и рече дека работниците очекуваат правна држава.

– Како некој кој доаѓа и од невладиниот сектор, морам да истакнам дека изминатите години, децении – судскиот совет, судиите, целиот судски систем доби доволно финансиска поддршка, доби доволно техничка поддршка, меѓутоа, повторно, довербата на граѓаните е токму два отсто. Жал ми е што тие два отсто доверба што ги имаат, се благодарение на неколку чесни судии коишто ги имаме на територија на Македонија, меѓутоа, тоа не е доволно, повторно ќе речам – странскиот фактор навистина инвестираше во нив, подвлече Ампева.

Владимир Литовски, помошник генерален секретар на НСП, вработен во судска полиција, им порача на сите судии да ги чуваат својот интегритет и интегритетот на судството, така што ќе судат по закон.

– Исто така ќе упатам порака до сите претседатели на судовите во цела Македонија да сфатат дека судските полицајци се луѓето кои ги чуваат нивните животи и животите на сите вработени во судовите и дека баш поради тоа, треба да се залагаат за што подобро опремување, екипирање и обезбедување услови за непречена работа, а не како што во неколку судови, претседателите задолжуваат стручни соработници и други вработени да изготвуваат распореди на судската полиција и ги оставаат судовите без судски полицаец со цел да штеделе, рече Литовски.

Литовски порача дека на безбедност, не се штеди.

– Исто така, сакам да порачам до министерот за правда, за финансии и министерот за социјална политика и демографија, законот за судска служба што е веќе изготвен, да го остават така како што е и во најбрз рок да го испратат до Собранито на гласање, за да можат судските полицајци за првпат да добијат бенифициран стаж и да не дозволиме колеги од 62, 63, 64 години во судовите да се грижат за безбедност, а на таа возраст – се знае колку може некој да ја работи оваа наша професија, рече Литовски.

Тој се обрати и до Владата. – Зголемете ги платите на сите полицајци – судска, шумска, затворска и МВР, затоа што на безбедност не се штеди, а само добро платен полицаец е мотивиран подобро да работи, истакна Литовски.

Даниел Лазарев, помошник генерален секретар во НСП, се осврна на нивните барања.

– Денес бараме: прво – почитување на Законот за минимална плата. Основната плата во полицијата да не биде под минимумот. Второ – еднаква судска пракса во цела држава. Трето – судски постапки во законски предвидени рокови. Ние не сме службеници од втор ред. Законот не може да важи само кога треба да нè казнат, истакна Лазарев.

Тој подвлече дека ова не е само протест, туку ова е и борба за достоинството на полицијата.

– Достоинство што со години ни го газат, достоинство што мораме да си го вратиме. Оваа борба не е за функции. Не е за позиции. Оваа борба е за секој еден од нас – во МВР, во шумската, судската и затворската полиција, нагласи Лазарев.

Протестот доби поддршка со присуство и обраќање на членови на Независниот синдикат на полицијата на Црна Гора и на Синдикатот на српската полиција.

Извор: МИА

Фото: скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ