• Latest
Фото: МИА

Кошта: Светскиот поредок е поткопан, руската агресија во Украина донесе војна во Европа, во Газа, хуманитарна трагедија, потребна е колективна соработка

May 16, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Кошта: Светскиот поредок е поткопан, руската агресија во Украина донесе војна во Европа, во Газа, хуманитарна трагедија, потребна е колективна соработка

May 16, 2025 15:39
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Од Тирана, каде што се одржува шестиот самит на Европскa политичка заедница, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека „светскиот поредок е поткопан од многу страни“, нагласувајќи дека по завршувањето на Втората светска војна „изградивме нов светски поредок заснован на Повелбата на ОН, меѓународното право и меѓународната и трговската соработка“.

– Секако, тој меѓународен поредок не беше совршен, но ни понуди многу добра рамка за мир и растечки просперитет, особено овде во Европа. Сега овој светски поредок базиран на правила е поткопан од многу страни. Руската агресија врз Украина повторно ја донесе големата војна на европскиот континент, а оваа војна е напад врз меѓународната заедница, врз сите принципи што ги сметаме за драги, како што се националниот суверенитет, функционирањето на меѓународните граници и територијалниот интегритет на нашите земји, рече тој, објави АТА.

Зборувајќи за ситуацијата во Газа, Кошта додал „Тоа е ситуација што претставува хуманитарна трагедија. Значи, меѓународното право се крши кога луѓето се нападнати со индиректна сила“.

– Со децении, меѓународната соработка и трговијата ги зближуваа луѓето и ги правеа попросперитетни. Во меѓувреме, оваа меѓузависност што ја создадовме стана инструмент на моќ и притисок, рекол тој.

Од друга страна, според него „начинот на кој функциониравме во мултилатералниот поредок значеше дека имаме мир, безбедност, и покрај климатските промени, ги промовиравме човековите права, сите овие прашања кои можат да се унапредат само ако соработуваме колективно“.

Обраќајќи му се на украинскиот претседател Зеленски, Кошта нагласил дека „знаеме, драг Володимир, дека вашата безбедност е и наша безбедност. Европа мора да инвестира повеќе во својата одбрана, бидејќи научивме дека мирот без одбрана е илузија“.

– Европа мора да успее во создавањето на соодветни услови за да има вистинско решение за мир на Блискиот Исток, бидејќи ако не го сториме тоа, тоа ќе ја поткопа не само безбедноста на цела Европа и другите соседни земји, туку и нејзиниот авторитет. Европа мора да успее во продлабочувањето, но и во проширувањето на своите мрежи на глобална трговија и просперитет, порачал Коста.

Не смееме да подлегнеме на искушението на протекционизмот, но мора да имаме партнерства, изјавил, додавајќи дека „затоа, Европа мора да успее во одбраната на мултилатералниот поредок, водејќи се и со пактот за иднината. Со почитување на Парискиот договор за климатските промени, со заштита на океаните како глобално добро за сите и, секако, со продолжување да биде силен и поддржувачки столб на ОН и Европа ќе успее“.

Кошта подвлекол дека „ЕУ е подготвена и има волја да ја игра оваа целосна улога во оваа нова Европа, во овој нов свет преку тесна соработка со сите наши европски партнери“.

– Новата ЕУ ќе биде сигурен партнер за европска интеграција, но и за соработка во енергетиката, безбедноста, одбраната и заштитата на климата. Мораме да ја искористиме оваа енергија, оваа мотивација токму за иднината на децата и енергијата на нашиот пријател Еди Рама за да можеме да работиме заедно како Европејци, заклучи претседателот на Европскиот совет, во обраќањето, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ