Пред точно десет години, на 17 мај 2015 година, во Скопје се одржа најголемиот граѓански протест против режимот на Никола Груевски. Со слоганот #Доаѓаме! граѓаните најавија жестока борба за слобода и демократија, а единствениот начин за ослободување на државата од режимот беше тој да падне.
ЦИВИЛ како организација за човекови права беше дел од иницијативата „Граѓаните за Македонија“. На бината пред огромниот број граѓанки и граѓани говореа активисти за човекови права, меѓу кои и претседателот на организацијата, Џабир Дерала. На протестот беа забележани многу знамиња од сите етнички заедници и транспаренти, но ниедно обележје на политичките партии.
„Денеска дојдовме по нашата слобода! Патеката е јасна: оставка, праведно судење, конфискација и затвор“, порача Дерала од говорницата пред демонстрантите.
По протестот, неколку илјади демонстранти остана пред владата и го започнаа Кампот на слободата, кој функционираше шеесет дена.