• Latest

Повторно параноја за населување на „илјадници мигранти од Англија“, Мицкоски демантира дека ќе се градат мигрантски кампови

May 19, 2025

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Повторно параноја за населување на „илјадници мигранти од Англија“, Мицкоски демантира дека ќе се градат мигрантски кампови

May 19, 2025 13:55
in ВЕСТИ, ДИСКУРС, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Стратешкиот договор меѓу Северна Македонија и Велика Британија е за пријателство, економски раст и соработка во повеќе области, градење мигрантски кампови „ниту му паднало на памет ниту било побарано“, а тоа јасно го кажал и британскиот амбасадор во државава, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, на годишната конференција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој договор е мојот нов договор за Македонија по примерот на оној кој го обзнани американскиот претседател Рузвелт и кој е познат во историјата. Овој договор значи отворање на работни места, развој, напредок, многу нови инфраструктурни проекти, многу големи гигантски проекти какви што досега немало, инвестиции во железници преку брзи линии, автопатишта, болници, образование и други сектори. Ова е договор кој на Македонија ќе и донесе пари за да работи и инвестира во својот напредок во вредност од шест милијарди евра“, порача Мицкоски.

Петиција и референдум против населување на мигранти во 2017 година

Во август 2017 година, ВМРО-ДПМНЕ за време на предизборната кампања ширеа дезинформации и исламофобија и ги заплашуваа граѓаните дури и дека ќе треба сунет да се прават ако се населат илјадници мигранти со исламска вероисповед. За „спречување“ на исламизација и против изградба на мигрантски кампови преку иницијативата „Будење“ се собираа потписи и се организираа референдуми.

ВМРО-ДПМНЕ тогаш бараа референдум:

„(Премиерот) Зоран Заев и (министерката за труд и социјала) Мила Царовска наместо да се кријат зад бледи соопштенија и да ги блокираат референдумите за изјаснување за трајното населување на 150.000 мигранти кои ги иницираа граѓаните, храбро да излезат и да соопштат зошто преку државниот инспекторат за локална самоуправа кој е владина институција го забранија оваа демократско право на граѓаните. Доколку СДС мислат дека трајно населување на мигранти е исправна владина одлука и стратегија, зошто не дозволија на граѓаните преку референдум, кој ќе биде организиран заедно со локалните избори, на еден трошок, да кажат што мислат за ваквото погубно решение на владата“.

Или што би рекол тогашниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски – „САД и Русија нека ги примат мигрантите, а не Македонија“.

Повторно параноја од „изградба“ на мигрантски кампови

Денес, мај 2025 година, повторно се отвара прашањето за населување на мигранти. Повторно се шири исламофобија и расизам.

„Големо НЕ за населување на муслимански мигранти во Македонија! Не за промена на етничкиот и религиозниот состав на државата! Македонија не е депонија за цел џган да се транспортира во Македонија! Не сакаме муслимани, црнци и индијци да ја населат нашата татковина, муслимани кој еден ден ќе станат доминантно население! Со секое населување на муслимани се ништо македонскиот карактер на државата, бидејќи тоа исламско население ќе се асимилира во Албанци!

НЕ за муслиманска Македонија! НЕ за црнечка Македонија! Македонија на Македонците!“, стои во Фејсбук објавата на Млади за Македонија.

Во друга објава на Фејсбук страницата Млади за Мкаедонија пишува: „Доколку се почне со изградба на мигрантски кампови, ќе почнеме постапка за собирање на 150.000 потписи за референдум“.

И што би се рекло народно – „се е исто како во 2017, само ВМРО-ДПМНЕ го нема“. Тогашната опозиција ВМРО -ДПМНЕ заплашуваше народ и правеше хистерија и гнев против СДСМ, денес, 8 години подоцна, нема ниту еден мигрантски камп, а може на прсти да се бројат колку мигранти има на територија на Северна Македонија! Никој не одговараше ни кривично ни морално за лажењето дека ќе се доселат „стотици илјади до милион мигранти“…

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ