Блокадата на судските згради и обвинителството во Нови Сад ќе продолжи денес од 11 часот и ќе трае додека не бидат ослободени сите активисти на Движењето „Слободни граѓани“ и групата „Ставе“, објавија студентите, пренесуваат српските медиуми.
Младен Цвијетиќ, Давор Стефановиќ и Срѓан Ѓуриќ се уште се во притвор, а Лазар Диниќ, Марија Васиќ и Ладо Јововиќ од вторник се во домашен притвор, со одлука на Апелацискиот суд во Нови Сад.
Студентите истакнаа дека постигнале голема и значајна победа со фактот што Марија Васиќ, Јововиќ и Диниќ беа ставени во домашен притвор по два месеци поминати во затворот во Клиса.
Д. Т.