Циркуларната економија е систем на производство и потрошувачка со цел да го продолжи животниот циклус на производите, материјалите и ресурсите преку нивно повторно користење, реновирање, рециклирање и одржливо управување, со што се намалуваат отпадот и негативните влијанија врз животната средина.
За остварување на целите (економски и еколошки одржливи системи) на циркуларната економија, ставен е акцент на иновативното размислување во сите процеси на производство, на системското размислување, на продолжување на животниот век на производите, како и на процесот на рециклажа.
Пет принципи на циркуларна економија (5R концепт)
Значење | Во пракса | |
Rethink (Преиспитај) | Да размислиш повторно за тоа како ја користиш и создаваш потрошувачката | Да се промени пристапот: да се избере одржлив начин на живот, да се создаваат производи со помал отпад и подолг век на траење. |
Refuse (Одбиј) | Да одбиеш нешто што ти не треба или што создава отпад | Одбивај пластика за еднократна употреба, непотребни пакувања, промотивни материјали кои се отпад. |
Reduce (Намали) | Да го намалиш количеството на отпад и ресурси што ги користиш | Купувај помалку, избирај производи со помалку пакување, штеди енергија и вода. |
Reuse (Реупотреби) | Да користиш нешто повеќе пати наместо да го фрлиш | Користи шишиња, торби, облека и други предмети повеќе пати, поправи ги оштетените работи наместо да купуваш нови. |
Recycle (Рециклирај) | Да преработиш отпад и да го претвориш во нови производи | Селектирај отпад (хартија, пластика, метал), предај го за рециклирање и поддржувај производство на производи од рециклирани материјали. |
-
Преиспитај (Rethink)
Приспитувањето значи да ги промислиме нашите навики и избори кога станува збор за потрошувачката и создавањето отпад. Наместо автоматски да купуваме нови производи или да прифаќаме сè што ни се нуди, треба да размислиме дали навистина ни е потребно тоа, и дали постојат поодржливи алтернативи.
На пример, наместо секоја година да го менуваме телефонот или облеката, можеме да ги користиме подолго, да ги поправиме или да купиме квалитетни производи кои траат. Во компаниите, промислувањето може да значи и оптимизација на процесите за намалување на отпадот уште при производство, избор на материјали кои се помалку штетни за животната средина, и планирање на производите така што ќе имаат подолг животен век. Овој чекор е основа за одржливиот развој и циркуларната економија.
Во пракса намалувањето на конзумеризмот и трупањето работи што не ни се потребни можеме да го намалиме ако секогаш кога сме на прагот да излеземе од дома ќе се прашаме:
- Што денеска навистина ми треба?
- Како мојот избор ќе влијае врз природата, моето место на живеење?