• Latest

СДСМ обвинува дека фирма добива 4 милиони евра тендер по само 20 дена основање, за Тошковски се е според закон

May 26, 2025
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Америка гласа за својата иднина и за иднината на светот: Доминација на Трамп или рамнотежа на политичките сили во Вашингтон

November 3, 2026

Андонов: Мицкоски е сам против себе и против сите нас

November 3, 2026
Илустрација: ВИ

„СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

November 3, 2026
БАНКАТА НА КОЛЕНА - РЕКЛАМАТА АКТИВНА | снимка од веб страницата на банката на 3 ноември 2026

Алта банка Битола под тримесечна администрација: Тројца администратори, ограничени плаќања и отворени прашања за одговорноста

November 3, 2026
Илијана Јотова, претседателка на Бугарија (Фото: Скриншот од Фејсбук видео)

Јотова избрана за претседателка на Бугарија: Нов мандат, непроменети позиции кон Северна Македонија

November 3, 2026

Среднорочни избори во САД: Трамп пред тестот на гласачите, неизвесна битката за Конгресот

November 3, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

Баснословното богатство на сега уапсениот Давор Мацура: Од менувачници до банка, 15 фирми, луксузни вили и милионски зделки со државата

November 2, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Ден потоа: Ова не е љубов, ова е договор

November 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА (АНТИ)КОРУПЦИЈА

СДСМ обвинува дека фирма добива 4 милиони евра тендер по само 20 дена основање, за Тошковски се е според закон

May 26, 2025 15:32
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е фатен жив во огромна корупциска шема. Откако вчера јавно призна дека МВР доделило тендер вреден 4 милиони евра и на фирма основана само 20 дена пред распишување на тендерот се скри и не одговори на клучните прашања кои ги поставивме, велат од СДСМ.

Од опозициската партија велат наместо да се крие и да се претставува како борец за правда, да излезе и да одговори веднаш.

„Како е можно фирма што дотогаш не постоела, да ги исполни сите услови и да достави мостри за квалитет? Кој ѝ ги кажал условите однапред? Кој ја подготвил да учествува и да победи? Каде се тие мостри што ги доставила, кога фирмата не ни постоела?

Тошковски вели дека се водел по „квалитетот“ на понудата. Како тоа се дефинира квалитет кај фирма без искуство, капацитет и историја на работење? Или квалитетот се квалитетни врски и провизии за Тошковски и ДПМНЕ?“, прашуваат од СДСМ.

СДСМ бара, итна постапка од Јавното обвинителство, распит на сите вклучени во тендерот, испитување на можни кривични дела: злоупотреба на службена положба, местење тендер и перење пари и поништување на целиот тендер.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, го повтори ставот дека тендерската постапка за набавка на униформи за полицијата, е согласно законот. Тој демантираше дека сопственичката на модното студио, за кое опозициската СДСМ обвини дека е основано непосредно пред распишување на тендерот и е со двајца вработени, е пријателка на неговата сопруга.

„Ниту знам кој е сопственик на модното студио кое и да е, ниту пак било кој и да е сопственик е близок на мојата сопруга. Од ова прашање, ќе сфати јавноста дека ова е хајка“, вели Тошковски.

Тој посочи дека досега не се сеќава дека во Македонија има политичар кој е проверуван како работи уште пред да ја добие функцијата.

„Во текот на вчерашниот ден, даден е одговор на сите обвинувања. Сметам дека МВР тоа што требало да го преземе, го презело. Одредени услови кои се побарани – согласно информациите кои ги имам, а се поврзани со квалитетот на униформите – се исполнети. Досега не е нарачана ниту една униформа. Да оставиме да видиме како ќе се одвива овој процес“, рече Тошковски.

На крајот, тој ги повика институциите да го испитаат тендерот.

„Ги повикувам одделите при МВР и Обвинителството да ги истражат сите тендери кај што има сомнежи. Јас преземам сѐ што треба да преземам, се грижам за имплементирање на проектите“, рече Тошковски

Во врска со тендерската постапка, министерот појаснува дека не е склучен договор за еднократна исплата, туку рамковна спогодба за период од три години, што не создава финансиска обврска туку овозможува склучување поединечни договори кога ќе се јави реална потреба.

„Разликата е клучна – не се исплаќаат средства однапред, туку само по реална нарачка и испорака, со посебен договор и обезбедена банкарска гаранција од 5%“, истакна министерот.

Тошковски реагира и на критиките поврзани со наводниот недостиг на критериуми за искуство и број на вработени кај фирмите понудувачи:

„Наша цел беше поттикнување конкуренција и добивање најдобар квалитет по најповолна цена. Премногу строги критериуми ги исклучуваат домашните мали и средни претпријатија, а тие често се најконкурентни. Законот не дозволува дискриминација врз основа на старост на фирмата, а ние постапуваме исклучиво според закон“, нагласува Тошковски.

Како клучна гаранција за квалитет, според министерот, биле задолжителните мостри и лабораториски анализи. Секој понудувач морал да достави примероци кои биле тестирани од акредитирани независни лаборатории, врз основа на јавни технички спецификации утврдени со Правилник објавен во Службен весник.

„Тендерот беше транспарентен – го продолживме рокот за понуди од 32 на 55 дена, а постапката беше предмет на контрола од Бирото за јавни набавки, кое не утврди никакви неправилности“, потенцира Тошковски.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ