Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје денеска во село Батинци, скопско, го лишиле од слобода Е.Х.(53) од Батинци.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи при извршениот претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, се пронајдени и одземени три пиштоли и 643 куршуми.
По целосно документирање на случајот, против Е.Х. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.
Фото: МВР