• Latest

Рокас: Поврзувањето на сите точки во Европа за одржување на мирот, безбедноста и просперитетот

May 28, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Рокас: Поврзувањето на сите точки во Европа за одржување на мирот, безбедноста и просперитетот

May 28, 2025 14:09
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Не постои друг начин за одржување на нашиот мир, безбедноста и просперитетот, освен преку поврзување на сите точки во Европа, истакна денеска евроамбасадорот Михалис Рокас на панел-дискусијата на тема „Обликување на иднината – ЕУ интеграцијата како двигател на напредокот на Северна Македонија“ во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, Европското движење во земјава и Вилфрид Мартенс центарот за Европски студии по повод Денот на Европа – 9 Мај.

Рокас говореше за големата важност на проширувањето на Европската Унија, особено во контекст на потребата од поголемо единство на Европа по руската воена агресија врз Украина.

– Руската агресија врз Украина креираше комплетно нови перспективи, се ставија под знак прашалник голем број работи, мирот, безбедноста, стабилноста. Претходно, имавме Ковид пандемија, која пак го стави под знак прашање нашиот систем за набавки, нашите партнерства, а на врвот се стави прашањето за проширувањето. Не постои друг начин за одржување на нашиот мир, безбедноста и просперитет, освен преку поврзување на сите точки, пополнување на сите дупки и да имаме навистина креативен пристап, рече Рокас.

Тој напомена дека посетите на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, како и на високата претставничка за надворешни работи и безбедноста политика на ЕУ на земјава Каја Калас се доказ за посветеноста на Унијата на нашите евроинтеграции. Истакна дека и Кошта и Калас храбро изјавиле дека земјава припаѓа на европското семејство и додаде дека во Брисел постои силна волја да се реализира процесот на евроинтеграција.

Рокас изјави дека во земјава и покрај сите препреки има висока поддршка за процесот на евроинтеграции и додаде дека нема сомнение дека младите сакаат да се движат напред и да бидат дел од ЕУ. Тој нагласи дека е потребно и двете страни да се вложат во реализацијата на целта. Ја спомена и Реформската агенда и придобивките, кои земјава ќе ги има од неа, нагласувајќи дека е потребно да се вложат сите напори за спроведување на реформите, додека истовремено се работи на останатите деликатни прашања.

– Ние како европски институции е потребно заедно со властите, од сите апсекти, со сите страни да поставиме една вистинска перспектива. И тоа навистина се случува со Реформската агенда, тоа е една потврда дека ова ќе биде постепена интеграција на земјава кон европскиот пазар, што секако не е алтернатива за пристапувањето во ЕУ, но потребно е да се спроведат сите овие реформи додека на сите други деликатни прашања и понатаму ќе се работи, рече евроамбасадорот Рокас.

Извор: МИА / Фото: Принтскрин

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ