• Latest
Фото: Фејсбук Јетмир Асани

Директорот на БЈБ, Јанев за ѓубрето што Општина Чаир го истури пред Град Скопје: Ќе биде процесуирано секое незаконско дејство во надлежност на полицијата

May 30, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Директорот на БЈБ, Јанев за ѓубрето што Општина Чаир го истури пред Град Скопје: Ќе биде процесуирано секое незаконско дејство во надлежност на полицијата

May 30, 2025 14:46
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Фејсбук Јетмир Асани

Фото: Фејсбук Јетмир Асани

Share on FacebookShare on Twitter

Полициските службеници постапуваат согласно законот. Ќе биде процесуирано секое незаконско дејство кое е во делокруг и надлежност на полицијата, рече денеска директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев, одговорајќи на новинарско прашање во врска со завчерашниот случај, кога градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу со луѓе од Општината истури ѓубре пред Градот Скопје.

Во врска со наводите за дивоградби во Чаир, Јанев истакна дека се проверуваат сите наводи, за секаде.

Директорот на БЈБ порача и дека иако прстот се вперува само во полицијата за многу случаи, таа не е секогаш единствено надлежна за да превенира некои појави, да ги детектира или да преземе акција.

-Знаете дека веќе во одреден град во источна Македонија се презмеаат активности од страна на локалните власти со рушење дивоградби. Ние како полиција интензивно работиме, има статистика и таа статистика за дивоградбите може да биде и јавно достапна. Секоја организациска единица во рамки на МВР и во минатото и сега има соодветни поднесоци за дивоградби. Дали е доволно, останува перцепцијата на јавноста да каже. Верувајте дека работиме, но не е само полицијата единствен орган во државата што треба да се грижи за јавната безбедност. Има и други институции, други инспекторати кои треба да си ја вршат својата работа, сите ние сме заедно, потенцира Јанев.

Прашан за криминалните дејства кои често доаѓаат како нарачка од затворите, одговори дека може да се спречат само ако тамошните службени лица, согласно должноста, постапуваат според правилата, процедурите и прописите. Државата, порача Јанев, не смее да шурува со криминалци.

-Овие дејства ќе ги спречиме само ако имаме чесен, искрен пристап и со девизата дека никому ништо не должиме. Како што не треба да се случуваат на терен негативни појави, така и колегите од затворската полиција треба јасно и гласно да знаат дека со одредени недејства придонесуваат да се имплицираат многу дејства надвор, на улиците. Ако немаме корупција, никој од затворите нема да може да раководи. Ако и таму владеат законите како што ние се трудиме да владеат на улиците, тогаш проблемот не може да се префрли од затворот на терен, притоа затворениците да имаат добро алиби за дејствата што се случуваат на терен. Ако имате идеи, желба и ако сте упорни, никој не  може да остане имун пред законот, истакна директорот.

Додаде и дека успех може да има ако полицијата работи заеднички со Обвинителството.

-Еден доказ да биде обезбеден против високо профилирани криминални групи е многу тешко, бара многу време, ресурси и енергија, потенцира Јанев и повтори дека полицијата е еден сегмент од одржувањето на јавната безбедност. Сите останати чинители во државата исто така имаат одговорност да ги почитуваат законите.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ