• Latest
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Мора да ги зголемиме одбранбените трошоци за да можеме да се браниме

June 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Руте: Мора да ги зголемиме одбранбените трошоци за да можеме да се браниме

June 5, 2025 10:23
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, СВЕТ
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан
Share on FacebookShare on Twitter

„Денешниот ден е клучен бидејќи ќе решаваме за целите за зајакнување на капацитетите и за тоа како ќе се трошат парите за потребите на одбраната“, изјави денеска во Брисел генералниот секретар на НАТО, Марк Руте при пристигнувањето на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата.

– Моите предвидувања се дека ќе се договориме за целите за капацитетите. Секако ќе разговараме и за многу други прашања, но ова е клучно во пресрет на Самитот во Хаг, за да бидеме сигурни дека во Хаг ќе се договориме за поголеми трошоци, за поголемо производство и секако за нашата поддршка за Украина, рече Руте.

Според него, како што јави дописникот на МИА од Брисел, договорените цели ќе треба да му овозможат на НАТО да биде способен да може да се одбрани во случај да биде нападнат, а за што е потребно да се зголемат трошоците за одбраната,

– Ако сте подготвени за војна, тогаш нема да бидете нападнати, нагласи Руте.

Тој потенцира дека за да се постигне тоа потребно е значително зголемување на трошоците од страна сите земји членки на НАТО, затоа што мора да се инвестира во противвоздушната одбрана, во ракети со голем дострел, во маневарските способности на копнените сили и во командните системи, за што се потребни огромни инвестиции на целата територија на Алијансата.

Руте додаде дека притоа исто така е важно да се изедначат трошоците на европските членки на НАТО и Канада со одбранбените издвојување на САД, бидејќи, како што рече, ако сакаме фер Алијанса сите сојузници мора да трошат подеднакво.

Во врска со неговата идеја за постепено зголемување на трошоците за одбраната до ниво од пет отсто од БДП до 2032 година, Руте рече дека тоа е само предлог за кој ќе се дебатира во следните недели.

– Тоа е добро, затоа што во крајна линија ова е демократска Алијанса и мора да донесеме одлука со консензус. Ќе ги изнесам моите предлози за одбранбените трошоци и за новиот план и попладнево ќе ве информирам што ќе се договориме, рече Руте, додавајќи дека затоа денешниот министерски состанок е многу важен.

Според него, целта на сите овие планови и инвестиции не се само да се троши повеќе, туку да се зајакне Алијансата за да биде способна да се брани не само сега, туку и во наредните години.

Тој потсети дека во рамки на денешниот состанок во форма на работен ручек ќе се одржи и неформално заседание на Советот НАТО-Украина, на кое ќе учествуваат и украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ