• Latest
Фото: Фромтлајн

Градоначалникот на Кочани вели дека премиерот не го прима на средба, а од централната власт досега не добиле ништо; Мицкоски смета дека граѓаните ќе го дадат својот суд на локалните избори

June 15, 2025

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Градоначалникот на Кочани вели дека премиерот не го прима на средба, а од централната власт досега не добиле ништо; Мицкоски смета дека граѓаните ќе го дадат својот суд на локалните избори

June 15, 2025 14:30
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Фромтлајн

Фото: Фромтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Вршителот на должност градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, во емисијата „Политиканти“, рече дека ќе се кандидира за градоначалник како независен кандидат на престојните локални избори. Тој коментираќи ги политичките прилики во Кочани рече дека како поминува актуелниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани може да се види по коментарите на социјалните мрежи.

Градоначалникот потенцира дека од централната власт Кочани досега не добило ништо.

„Веќе паднаа маските. Нема простор за калкулации и за финоќа. На социјалните мрежи може да видите како поминуваат ликов како нашиот пратеник, како поминуваат носителите на централната власт и сите институции кои се на некој начин вмешани на ова што му се случи на градот. Во иднина прототип за градоначалник ќе биде оној кој ќе има бескомпромисна војна со корупцијата во градот. Јас бев прв независен советник во два мандати со најголем број на гласови.“, истакна Крстевски.

Тој вели дека има многу голема разлика помеѓу советниците од ВМРО ДПМНЕ и советниците од СДСМ во Кочани.

„Да бидам искрен има многу голема разлика помеѓу советниците од ВМРО-ДПМНЕ и советниците од СДСМ во Кочани. Мене за в.д. градоначалник поддршка ми дадоа советниците од СДСМ, Советниците од ВМРО-ДПМНЕ не само според мене, туку според цело Кочани се цивилизациски пораз“, рече тој.

Крстевски истакнува дека Кочани и тој како градоначалник немале никаква поддршка од централната власт.

„Две недели немам одговор од министерката за Финансии за да ми закаже состанок, а не пак да ми биде одобрено барањето за новата градинка во Кочани. Откако сум јас градоначалник во Кочани нема дојдено ни еден министер, ниту имам остварено средба со некој министер. Од денот кога стапив на должност како градоначалник поднесов барање за средба со Премиерот до Кабинетот од премиерот, но немам добиено одговор. Го повикувам Премиерот да дојде во Кочани, тој е премиер на сите граѓани. Од централната власт досега не добивме ништо“, истакна Крстевски.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не сака да коментира за обвинението поврзано со случајот во Кочани и повиците од СДСМ за негова политичка одговорност. Тој оцени дека станува збор за политички пораки од опозицијата и најави дека граѓаните ќе го дадат својот суд на претстојните локални избори.

-Не сакам да коментирам, цело време се трудам да не ја коментирам работата на обвинителството. Во суштина, генерално станува збор за политички пораки кои што доаѓаат од опозицијата. Одговорноста ќе ја видиме по три-четири месеци, на локалните избори граѓаните ќе кажат што мислат, изјави Мицкоски по отворањето на манифестацијата „Од нива до трпеза“ што се одржува вчера во Скопје.

Тој истакна дека не очекува граѓаните да го поддржат ставот на СДСМ, оценувајќи дека нивните обиди за политички поени ќе им се вратат како бумеранг.

-Тоа што мисли СДСМ е една работа, а тоа што мислат граѓаните ќе го видиме многу скоро на избори. Така што, доколку граѓаните сметаат дека јас треба да заминам и да сносам политичка одговорност, уште истиот ден тоа ќе го направам, нема да чекам како што тоа беше во 2021 година. Но, знам дека граѓаните не го делат истото мислење со СДСМ и останатите кои што се обидуваат пркеу некрофилска кампања да добијат политички поен, мислејќи дека така и мене лично и на владата ќе им нанесат штета, мислам дека тоа им се враќа како бумеранг, рече премиерот.

Подготви: Ј. Ѓ. / Фронтлајн

Tags: трагедија во КочаниХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ